Сакате да дегустирате специјалитети кои се популарни ширум светот? – Ако одговоривте со „Да“, одвојте малку време и прочитајте го рецептот за пилешко Киев. Овој специјалитет е популарен во Русија и Украина, а често се служи во рестораните и хотелите. Иако постапката за подготовка на прв поглед може да ви се чини малку покомплицирана, сепак вреди да го пробате овој рецепт и да си дозволите неверојатно гастрономско уживање. Овој рецепт особено ќе ги воодушеви обожавателите на лук, но и на оние кои сакаат богат кремаст вкус на путер.
Комбинацијата на пилешко месо со путер, лук и магдонос е неверојатна. Па, доколку имате замрзнати пилешки гради и сакате да пробате нешто поразлично, подгответе пилешко Киев.

Состојки:
- 2 чешниња лук
- 2 лажици сечкани свежи ливчиња магдонос
- 6 лажици несолен путер
- 4 парчиња пилешки стек со дебелина од ½ см
- сол и црн пипер по вкус
- 1 чаша брашно
- 2 лажички сол
- 2 јајца
- 2 чаши лебни трошки
- црвен пипер по вкус
- 2 чаши масло за пржење или по потреба.
Подготовка:
- Убаво истолчете го лукот заедно со прстофат сол. Во садот додајте ситно сечкан магдонос и толчете додека целосно се соедини со лукот. Потоа додајте го и путерот. Толчете додека состојките се соединат. Зачинетиот путер завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 15 минути.
- Потоа подгответе го пилешкиот стек. Најпрво зачинете го со сол и црн пипер. Секое парче месо завиткајте го во најлонска фолија и исчукајте го со чекан за месо. Потоа додајте половина од зачинетиот путер во средината на секое парче месо. Завиткајте го месото во форма на ролат околу путерот и убаво измазнете ги рабовите на месото. Вака ролованото месо завиткајте го во најлонска фолија, наредете го во чинија и ставете го во замрзнувач околу 30 минути.
- Помешајте го брашното со 2 лажички сол во длабок сад. Во друг сад изматете ги јајцата, а во трет сад ставете ги лебните трошки.
- Ролатите од пилешко месо извадете ги од замрзнувач и одвиткајте ги од најлонската фолија. Потоа извалкајте ги во садот со брашно, па во сместата со јајца и на крај извалкајте ги во лебните трошки. Вака похуваните топчиња наредете ги на чинија, покријте ги со најлонска фолија и ставете ги во замрзнувач околу 15 минути.
- Загрејте го маслото на околу 175 степени, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.
- Изладените ролати пржете ги кратко од двете страни додека поруменат лебните трошки. Потоа наредете ги во сад обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна околу 15-17 минути.
- Печеното пилешко Киев оставете го да се излади околу 5 минути, наросете го со црвен пипер и сервирајте го по желба. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко Кордон блу.
