Модерниот начин на живеење, полека, но со сигурно темпо, веќе ги отфрла класичните традиции во секојдневната исхрана. Сè повеќе луѓе го заштедуваат времето поминато во приготвување на храна во домашни услови, а истото го посветуваат на сè почесто присуство во рестораните. Ограничени од динамиката на модерното време, здравите и хранливи оброци се често занемарени посебно од младата популација, креирајќи нездрави навики кои во социјалните кругови се реплицираат по автоматизам преку домино ефект.

Реткоста на рестораните да понудат разновидно мени кое содржи и избалансирани оброци погодни и за најпребирливите љубители на здравиот живот и начин на исхрана, е своевремена и несекојдневна појава за денешните модерни навики. Токму затоа, Carpe Diem, fine wine & dine, е ресторан кој е веќе препознатлив по својата префинетост и премиум услуга, но ресторан кој е целосно внесен и посветен во квалитетот на своето мени. Поттикнат и инспириран да иновира во ограничувањата на новиот и динамичен свет, Carpe Diem, очекувано воведе нутриционистичко и избалансирано мени, фокусирано на здравата исхрана која е сè поголем приоритет на денешното време, веќе кај сите генерации.

Carpe Diem е извор на допирлива префинетост, на исполнителни гастрономски и емоционални искушенија. Секој детаљ во овој уникатен ресторан е осмислен да пробуди незаборавно уживање. Овој принцип на услуга најмногу се одразува во квалитетот и изгледот на храната која се подготвува и сервира како неодоливо задоволство кое не смее да се пропушти. Фокусот кон секоја подробност е водилка за креацијата на нутритивното мени. Следејќи ги секојдневните здравствени потреби и гастрономски желби, Carpe Diem се грижи за секој гостин кој се впушта да ги проба многуте “небесни” и несекојдневни вкусови кои се создаваат со цел да се понуди перфектна елеганција во исхраната. Секогаш се посветува големо внимание при изборот на свежи, премиум состојки кои се основа за кулинарските предизвици кои Carpe Diem ги претставува со нутритивното мени. Во овој ресторан ќе ги надополните ексклузивните доживувања на животот со здрава храна креирана од врвни продукти.

Целта на нутритивното мени е да се надгради веќе постоечкото совршенство со рецепти кои ги надополнуваат потребите од здрава храна. Од вкусовите во кои се сервира здравје, дефинитивно заигруваат непцето и срцето, со чувство дека секој нареден залак го исполнува духот и телото. Новото мени на Carpe Diem е нова приказна во светот на скопската гастрономија, која е изградена врз секојдневните урбани предизвици и упорноста во создавањето на хранливи волшепства.
Амбиентот и услугата на Carpe Diem е несомнено дел од естетско искуство кое ќе го претвори секого во урбан хедонист – човек кој ја цени убавината на градот, а Carpe Diem веќе е претворен во својствен синоним за една од најдобрите кулинарски дестинации во главниот град. Со нутритивното мени се достигнува уште повисока димензија на задоволство, нешто кое е емпирично и својствено за самиот ресторан.
Посетете го Carpe Diem fine wine & dine ресторанот во било кој дел од денот. Дозволете уживање на сите сетила пропратено со здрави навики кои се тука да останат.
Само еден клик поблиску до урбаната магија на модерното општество:
http://www.carpediemrestaurant.mk/