Нема девојка ниту жена која не би сакала убава, здрава и сјајна коса со бујност која мами. Треба да знаете дека сега тоа може да го постигнете на лесен начин со домашен балсам, а народниот рецептот со кој се негувале и разубавувале нашите баби и прабаби е тука.

Состојки:
- 1 жолчка
- 1 лажица рицинусово масло
- 1 лажица јаболкова киселина
- 2 лажици шампон
- 1 лажица балсам/регенератор за коса.
Подготовка:
- Издвојте ја жолчката од белката и ставете ја во сад. Додајте го рицинусовото масло, јаболковата киселина и добро измешајте за да се добие изедначена смеса.
- Додајте го шампонот и балсамот. Добро измешајте за да добиете смеса со густина на јогурт.
Смесата нанесете ја на влажна измиена коса и ставете најлонска ќеса и крпа. Оставете да стои така околу 20 минути, а потоа косата исплакнете ја со вода.
Погодно е овој третаман со домашен балсам да го правите за време на секое миење на косата, бидејќи така ќе постигнете најдобар ефект за пократко време. Оваа мера на балсамот е доволна за средна должина на коса, а ако имате долга коса зголемете ја дозата на состојките.