Крцкави и бели, традиционални и вкусни! Пробајте го нашиот едноставен рецепт за целувки, кои во некои краеви во Македонија се познати и како пуслици. Потребни ви се две белки, малку шеќер и една лажица лимонов сок, тоа е сѐ.
Започна дванаесеттото издание на Локум фест – музика и традиција, кое традиционално се одржува во старата битолска чаршија (пред Бар Чаршија), од 19-21 Јули 2018. Фестивалот ќе трае три дена, а секоја од фестивалските вечери има свој сензибилитет и вреди да се види. Погледнете ги фотографиите во прилог и искористете го викендот за посета на фестивалот и старата чаршија на Битола.
Патувањето ни овозможува да истражуваме други култури, да посетуваме историски значајни места, да одмораме покрај плажа и сенка… Но, патувањето не подразбира само качување во авион и започнување на авантурата. Новите континенти и земји имаат свои предизвици кои не се „пријателски расположени“ кон стомакот. Затоа, тука се добрите пробиотици кои треба да бидат задолжителен дел од летниот одмор.
Ве чеша кожата, имате црвенило кое печи и не знаете како да се справите со него? – Голема е веројатноста дека станува збор за непријатната и упорна егзема. Рацете се една од најчестите критичните точки на кои се појавува. Со оглед на тоа што бројот на лица кои се соочуваат со овој проблем е навистина голем и многумина се обратиле за помош, денес ќе се задржиме конкретно на мерките за постигнување и одржување на здравјето на кожата без егзема на рацете.
Прилепскиот регион во Западна Македонија уште од дамнина е надалеку познат и препознатлив по производство на најквалитетен локум. Во пресрет на Локум фест, кој ќе се одржи од 19-ти до 21-ви Јули, во Битола, се инспириравме да дознаеме за највкусниот традиционален и без временски десерт – Дониа локум.
Оваа тема и прашање е поттикнато од наша читателка која се соочува со овој проблем. Па, со голема благодарност до Д-р Нела Деспотовска за издвоеното време и совети, како и со надеж дека ќе придонесеме кон подобрување на состојбата на сите кои имаат потреба, споделуваме опширни корисни информации со сите вас. Па, дали спирулината помага против хипотиреоидизам ви откриваме во текстот.
Овој домашен доматен сос е совршен за тестенини, пица, њоки или лазања. Морковите му даваат свеж и сладникав вкус кој најчесто им недостасува на традиционалните сосови од домати. А што е најважно, морковите воопшто не се ни забележуваат и дефинитивно ќе ја почуствувате разликата која тие ја прават во вкусот. Сигурни сме дека ќе ви се допадне!
Содата бикарбона со право е наречена „медицинско чудо“, поради многу причини! Нема човек кој не слушнал за неа, зашто има многу употреби и голем број на корисни и здравствени придобивки. А, во денешно време e одлично што може да си набавиме сода бикарбона без алуминиум! Таа е лесно достапна и во народната медицина е добро позната како природен лек.
Интересниот тарагон е „витален“ зачин од кујната на многу европски земји, а посебно е познат и користен во Франција. Важи за префинет зачин кој има нежен слатко-горки вкус со арома слична на анасон, па дава посебен печат на вкусот на јадењата. Тарагонот е познат како моќен носител на вкусови во кујната, почнувајќи од салати, па до главни јадења со месо и риба, во преливи и интересни прилози за гарнирање.