билни чаеви кои поседуваат седативно дејство 1

6 билни чаеви кои поседуваат седативно дејство

Ако ви е тешко да заспиете навечер или пак спиете само по неколку часа во текот на ноќта, можеби е време да побарате помош од природата. Има многу билни чаеви кои поседуваат седативно дејство. Во продолжение ви претставуваме дел од чаевите кои помагаат за таа намена.

7 рецепти за посни јадења со ориз

Ги избравме најдобрите посни јадења со ориз. Од големиот број на посни рецепти кои се објавени на sezahrana.mk, направивме убава колекција. Се надеваме дека ќе ви бидат од голема корист и ќе ги дегустирате наредниве денови.

Маска од кафе за освежување и подмладување на кожата

Маска од кафе за освежување и подмладување на кожата

Многумина не можат да си го замислат почетокот на денот без шолја црно кафе. Тој магичен пијалак кој  утрото го прави совршено, ви помага да се расоните во целост и да добиете додатна доза на енергија, може да направи и нешто друго за вас! Кафето има и многу други намени. Постојат различни начини како може да се искористи, а меѓу нив е и ефикасното лекување и освежување на проблематичната кожа. Овој ефект се должи на присуството на антиоксидансите кои кафето ги има во изобилство. Па, за таа цел решивме да го искористиме и направивме маска од кафе и млеко за освежување и подмладување на кожата на лицето. 

омега масни киселини

Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет

Сигурно сте слушнале за омега масните киселини, но дали знаете зошто се важни и за кого се препорачуваат? Знаете ли која е разликата меѓу омега-3, 6 и 9 масните киселини? Со цел да ве запознаеме со здравствените придобивки, направивме истражување на оваа тема.

Цимет ролнички 1

Цимет ролнички

За да се засладиме со идеален вкус време е да пробаме нешто ново! Ви го претставуваме нашиот нов рецепт. Станува збор за познатите цимет ролнички, подготвени во кујната на Се за храна.

Храна која ќе ви помогне да внесувате повеќе растителни влакна 1

Храна која ќе ви помогне да внесувате повеќе растителни влакна во организмот

Растителните влакна се многу важни и во исхраната треба да се внесуваат што е можно повеќе преку избор на здрави и разновидни намирници. Тие докажано го намалуваат количеството на гликоза во крвта, го штитат организмот од дијабетес и срцеви заболувања и го снижуваат лошиот холестерол. Но, нивната најголема важност е во тоа што тие се заслужни за правилната дигестија на цревата. Затоа, во продолжение погледнете ја листата на намирници со чија помош ќе можете да внесувате повеќе растителни влакна во организмот.

маска за лице со лимон и мед

Природна маска за лице од лимон и мед

Како резултат на ладното време, ветерот во зима, а сончевите зраци во лето, нечистотијата и неправилната исхрана, лицето претрпува многу непосакувани промени како што се акните, црвенилото, иритацијата, брчките и хиперпигментацијата. Затоа на кожата и е потребна секојдневна нега. Кога сме кај тоа, ви претставуваме природна маска за лице со лимон и мед, која ќе ја освежи кожата на лицето и ќе го подобри нејзиниот изглед.

Рефлуксна болест (киселини во желудникот) - причинители и симптоми 1

Рефлуксна болест (киселини во желудникот) – причинители и симптоми

Гастроезофалгеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) е заболување предизвикано од навлегување или враќање на желудочната содржина во хранопроводот и усната празнина. При тоа, се јавува непријатно чувство на печење во грлото, кое меѓу народот е познато како „киселини“, па да видиме што може да направиме за себе за да си ја подобриме состојбата во ваков случај.

Посен чоколаден намаз со путер од кикиритки за 5 минути 1

Посен чоколаден намаз со путер од кикиритки за 5 минути

Нема човек кој не обожава наутро со утринското кафе  да си намачка и лепче со вкусен намаз. Ние имаме еден навистина интересен предлог за посен чоколаден намаз со путер од кикиритки, банана и урми, кој не само што е кремаст и вкусен, туку е и многу хранлив. А, најдоброто од се е што овој намаз е и посен, па супер ќе им дојде на сите оние кои постат. Испробано во нашата кујна, многу вкусно!

5 природни начини да го подобрите варењето на храната 1

5 природни начини да го подобрите варењето на храната

Отстранувањето на преработената храна од телото, која сме ја изеле додека сме се сладеле за време на оброците, е една од клучните потреби за добро здравје. Само неколку мали и едноставни измени во менито може да ви помогнат да ја доведете во ред работата на цревата и да го помогнете варењето на храната.

Природен еликсир за бели влакна и враќање на бојата на обелената коса 1

Природен еликсир за бели влакна и враќање на бојата на обелената коса

Сте забележале бели влакна? – Не грижете се, природата нуди решение! Има многу препарати кои може даги припремите во вашата кујна, а со своите лековити својства да направат вистинско чудо за вас. Сме слушнале дека овој природен еликсир за бели влакна, кој го споделуваме во оваа прилика помага за враќање на бојата на обелената коса, го зајакнува коренот и го поттикнува растот. Продолжете да читате за да дознаете што се откривме за помош.