Подаруваме заедно со Vincinni и ви посакуваме среќа!

Добитници од наградниот натпревар „Подаруваме заедно со Vincinni и ви посакуваме среќа!“

Секој од нас имаше можност да биде дел од еуфоријата за подароци! Изминаа 10 интересни дена со одличните Vincinni, кои овој пат подаруваат 10 награди за нашите верни читатели и пријатели! 

Откријте ги знаците на лицето кои укажуваат на интолеранција

Откријте ги знаците на лицето кои укажуваат на интолеранција на 4 намирници

Кожата е огледало на здравјето, особено при одредени акутни здравствени проблеми. Најчест предизвикувач на кожни проблеми е нездравиот начин на исхрана, како и лошата толеранција на организмот на одредени намирници. Па така, пред да се откажете од вашите омилени колачиња, чаша млеко или вино, дознајте кои од овие намирници влијаат не само на вашата тежина и здравје, туку и на вашето лице. Можеби ќе ве зачуди фактот што интолеранцијата на одредени намирници може да го смени вашето лице до непрепознатливост.

Направете лесно прскaлка за трева од пластично шише 1

Направете лесно прскaлка за трева од пластично шише

Ние ги обожаваме идеите кога од ништо можеме да направиме нешто. Денес имаме баш таква идеја за чија реализација ви е потребно само едно пластично шише. А летото е идеален период кој може да го искористите за забава со вашите деца. Доколку не сте во можност оваа година да си дозволите одмор, оваа прскалка за трева од пластично шише може да ви биде од голема помош.

Слатко од сушени трендафили 1

Слатко од сушени трендафили

Ова слатко можам да го фотографирам до бесвест, каква убавина е! – вели Весна. Преубаво ни изгледа и нас, за очи и за вкусните сетила! Претходно го споделивме рецептот за слатко направено со свежи ливчиња, а во оваа прилика ви посочуваме дека може да си направите и домашно слатко од сушени трендафили со  уште подобар вкус кој долго се памети.

6 причини зa секој ден да го започнете со појадок од овес 1

6 причини зa секој ден да го започнете со појадок од овес

Иако, во минатото овесот се користел најчесто како сточна храна, денес како резултат на бројни и долгогодишни студии се дојде до заклучок дека тој е одличен извор на важни нутриенти кои се неопходни за човековото здравје. Па така, денс не само што тој нашироко се употребува во човечката исхрана, туку често пати се користи и како лек. Тоа не е ни малку чудно кога ќе се земе во предвид дека вкусниот појадок од овес содржи изобилство од минерали и витамини како јод, хлор, фосфор, натриум, силициум, железо,  магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, наицин, биотин и многу други витамини.

Лесен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил за 15 минути 1

Лесен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил за 15 минути

„Од припрема до трпеза, потребни ви се само 15 минути! Убавото време е тука и сите ние сакаме да го искористиме за малку да прошетаме по сонцето. Па, бидејќи и ги обожавам лесните рецепти кои брзо се подготвуваат, во мојата кујна ви припремив еден експресно брз и супер вкусен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил!“- вели Катерина од нашиот тим.

домашен ликер со карамели

Домашен ликер со карамели

Дамите обожаваат коктели, па и со право може да кажеме дека се омилените женски пијалаци. Ликер од кокос, чоколадо, вишни… секогаш се добредојдени при средба со најдобрите пријателки. А овој пат пробајте го новиот рецепт за домашен ликер со карамели, кој потсетува на популарниот пијалак Бејлис. 

7 причини кои доведуваат до трнење на рацете и нозете 1

7 причини кои доведуваат до трнење на рацете и нозете

Чувството на трнење на рацете и нозете е честа и многу непријатна појава. Ако понекогаш сте се запрашале зошто ви трнат рацете и нозете, поради која причина се појавуваат овие симптоми и како да се ослободите од истите, вие сте на вистинското место.

Руски рецепт за чај за намалување на крвниот притисок 1

Руски рецепт за чај за намалување на крвниот притисок

Овој едноставен и навистина ефикасен рецепт кој ни доаѓа од руската традиционална медицинa ќе ви помогне го регулирате покачениот крвен притисок, а и значително ќе ви го подобри имунитетот. Во продолжение дознајте го рецепттот за познатиот руски чај за намалување на крвниот притисок.

Слатко од трендафили 1

Слатко од трендафили

Кулинарската ризница сега ни е побогата со нешто уникатно, а ние пресреќни! Провидно на лик, а боите се прелеваат. Вакво слатко од трендафили не е лесно или скоро да не може да се најде, освен ако не си направиме дома. А за рецептот, искрено и големо благодарам до Весна, која нѐ  учи на традицијата и споделува вистинско богатство со нас во секоја можна прилика!

5 сериозни здравствени проблеми од преголема консумација на сол 1

5 сериозни здравствени проблеми од преголема консумација на сол

Солта им дава подобар вкус на јадењата, но пресолената храна може да има катастрофални последици врз здравјето. Американската асоцијација за срце АНА, препорачува да се консумира од  1500 до 2400 мг сол на ден. Во една статија објавена во The New England Journal of Medicine се докажало дека има околу 165 милиони смртни случаи ширум светот кои се поврзани со прекумерната потрошувачка на натриум на годишно ниво. Многу луѓе, иако не умираат од преголема консумација на сол имаат низа здравствени последици предизвикани од неа.

4 причини зошто да јадете повеќе индиски ореви 1

4 причини зошто да јадете повеќе индиски ореви

Одлични се за здравјето на кардиоваскуларниот систем, го помагаат слабеењето, го чуваат здравјето на усната шуплина и превенираат од појава на камења во жолчката. Корисни се и при дијабетес, па на кратко, да се јаде индиски ореви е пожелно за организмот!

4 рецепти за сарма од лозов лист 1

4 рецепти за сарма од лозов лист

Лозовиот лист е популарна храна во пролетните денови! Некогаш е убаво со него да направиме чорба и да ги израдуваме лажиците, а често пати поголемиот дел од нас обожававаат да направат вкусна сарма од лозов лист!

4 домашни третмани против црвенило и испукани капилари на лицето 1

4 домашни третмани против црвенило и испукани капилари на лицето

Секој човек мечтае за здрава и мазна кожа. Но, за жал, многу луѓе ги измачуваат кожните проблеми како што се црвенило и испукани капилари на лицето. Оваа состојба медицински е позната како купероза и сеуште не се познати нејзините предизвикувачи. Се претпоставува дека за тоа се виновни гените и ослабеното сврзно ткиво, но за нејзиното појавување секако се одговорни и некои внатрешни и надворешни фактори како стрес, УВ зрачење, алкохол, кофеин, презачинета храна или хормонална нерамнотежа.

Печени уштипци од тиквичка

Печени уштипци од тиквичка

Денес благодарение на Лана, споделуваме со вас навистина брз и лесен рецепт за печени уштипци од тиквичка. Звучи вкусно и интересно, а што е најважно се подготвува за многу кратко време, па рецептот совршено ќе ви се најде за оние денови кога не ви се готви баш најмногу.