Лесен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил за 15 минути 1

Лесен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил за 15 минути

Од припрема до трпеза, потребни ви се само 15 минути! Убавото време е тука и сите ние сакаме да го искористиме за малку да прошетаме по сонцето. Па, бидејќи и ги обожавам лесните рецепти кои брзо се подготвуваат, во мојата кујна ви припремив еден експресно брз и супер вкусен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил!“- вели Катерина од нашиот тим.

„Предложената доза е за две лица, а по потреба може да ја зголемите. Уживавме во вкусот, а се надевам ќе уживате и вие, на здравје!“ – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Лесен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил за 15 минути 2

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 1 чаша изварка
  • 10-тина гранчиња свеж магдонос
  • сол и црн пипер по вкус
  • по потреба ладно цедено масло од маслодајна репка (за замена може и сончогледово)
  • неколку ленти кравји кашкавал за одозгора.

Подготовка:

  1. Тиквичките измијте ги. Со нож, отстранете им ја дршката, а потоа излупете ги.
  2. Пресечете ги на половина по должина и потоа со помош на лажица, издлабете го средишниот дел. Издлабените парчиња ставете ги во чинија на страна.
  3. Тавата за печење обложете ја со хартија, а потоа во во неа ставете ги издлабените „бродчиња“ од тиквички.
  4. Магдоносот измијте го и ситно исечкајте го.
  5. Во сад ставете ја изварката. Посолете ја по вкус и поросете ја со црн пипер во количина по желба.
  6. Потоа, во садот додајте го и претходно сечканиот магдонос.
  7. Додајте малку масло (1-3 лажици по вкус) и измешајте убаво за филот да се соедини.
  8. Со помош на лажица, наполнете ги претходно издлабените „бродчиња“ од тиквички.
  9. На крај, наредете од лентичките кашкавал и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 230 степени, за време од 10-15 минути.

Совет плус:

Издлабените парчиња од тиквичка, кои претходно ги издвоив во чинија, ги посолив и посипав со црн пипер, им додадов малку масло и ги ставив да се печат заедно со главниот оброк. Одлични беа, препорачувам наместо да ги фрлите и вие да ги искористите на истиот начин. ставете ги во чинија на страна.

Препорака од авторот:

Обожавам, брзи, вкусни и лесни рецепти! – Па, ако ви се допадна предлоговразгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Брза крем салата со јајца и сирење.

Сподели: