Натпревар за избор на најубаво украсени велигденски јајца и празнична трпеза 1

Натпревар за избор на најубаво украсени велигденски јајца и празнична трпеза

Да ја продолжиме традицијата и радоста за убавите празници! Инспирирани од престојниот христијански празник – Велигден решивме да реализираме уште една награден натпревар и од срце да наградиме двајца учесници. Па, ајде да ги искористиме Велигденските празници за да ја разбудиме креативноста, да создадеме прекрасни ремек дела од нашата традиција за бојадисување јајца, поставување празнични трпези и споделување љубов со најблиските.

Велигденска трпеза - 3 брзи и лесни Витаминка рецепти 1

Велигденска трпеза – 3 брзи и лесни Витаминка рецепти

Ни наближува Велигден, па секој од нас сака да го прослави најубаво што може. Во секој дом со голем мерак, еуфорија и неколкудневно планирање се припрема изгледот на велигденската трпеза. Сите сакаме да биде богата, да биде прекрасна и да го краси домот, да донесе радост и насмевки на лицата на саканите! Затоа си наполнивме кошничка со производи со традиционален квалитет и во соработка со нашите пријатели од Витаминка, припремивме неколку вкусни и брзи рецепти, како и идеи за декорација кои со сигурност ќе ја разубават велигденската трпеза. Ние уживавме во вкусните сензации на јадењата, а веруваме ќе уживате и вие!

Симнете ја непосакуваната фарба од косата со помош на витамин Ц 1

Симнете ја непосакуваната фарба од косата со помош на витамин Ц

Ја офарбавте косата во нова нијанса која супер изгледаше на паковката, но резулататот не беше онаков како што очекувавте? Бојата излезе премногу темна или пак можеби ви здодеа стандардната боја на вашата коса и сакате промени? Ние имаме супер решение за овој непријатен проблем, без ново боење и користење на деколоранти. Дали знаевте дека може да ја симнете непосакуваната фарба од косата со помош на витамин Ц? Прочитајте до крај и дознајте како може да се ослободите од непосакуваната боја на многу едноставен начин.

Кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ 1

Кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ

Печурките се едни од нашите омилени намирници, па често ги користиме за подготовка на убави јадења за неизмерно уживање со семејството и пријателите! Овој пат избравме да ги пробаме новите свежи кафеави печурки на Бонум, а за тоа имаме повеќе причини! Пред сѐ, кафеавите шампињони се поцврсти од белите и имаат убава форма која се задржува и во конечниот изглед ако ги подготвите во некој убав специјалитет.  Нивните карактеристики ги прават да се потрајни во споредба со белите, па решивме што почесто да ги користиме во исхраната. Откако ги дознавме овие нешта, се роди идејата за овој вкусен рецепт, кој совршено може да се вклопи на велигденската трпеза. Пробајте ги нашите кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ!

Како да се обезбедите со дополнително ниво на енергија 1

Како да се обезбедите со дополнително ниво на енергија?

На сите нас понекогаш ни се случува да имаме потреба за дополнителна количина на кафе со цел да се обезбедиме со зголемена доза на енергија. Но, често пати некои мали промени во начинот на исхрана може да ни обезбедат дополнително ниво на енергија на многу поздрав начин, па еве некои насоки.

Велигденска „Зајко“ торта без печење со кори од Винчини

Велигденска „Зајко“ торта без печење со кори од Винчини

Дали ви се верува дека може да ја направите оваа убава велигденска „зајко“ торта и тоа без печење? Да, баш така. Лесно ќе може да направите совршена и вкусна торта за велигденските празници! Овој пат инспирација ни беа производите од Vincinni, Сончева долина и Натура. Си набавивме убава кошничка со производи и го прифативме овој интересен предизвик. Па, за да ви ја олесниме подготовката ќе ви кажаме подетално кои производи ги користевме, а сите чекори ви ги прикажуваме преку фотографии.

црно семе

Црно семе – древна тајна за добро здравје и силен имунитет

Семето на цветното растение Nigela Sativa за кое малкумина знаат и дека воопшто постои е моќен лек за многу болести. Тоа благодарение на неговите лековити својства било одгледувано уште за време на древниот Египет. За него пророкот Мохамед изјавил дека тоа е лек за сите болести освен за смртта. Зошто ова моќно лековите семе кое било користено уште во древни времиња е малку познато кај нас? Време е да се потсетиме на чудотворното црно семе и да ја откриеме неговата древна тајна за добро здравје и силен имунитет.

Велигденска крем салата со Стоби флипс 1

Велигденска крем салата со Стоби флипс

Ако има нешто на кое што без двоумење можеме да дадеме одговор, тоа е прашањето за вкусот кој ни го одбележа детството и кој и ден денес ни е неодолив при секоја дружба и седенка, како мезе пред да се испече скарата, како „најдобар другар“ на сите патувања… Одговорот е ист во сите тие прилики, крцкавиот стоби флипс! Токму тие спомени и уживањето во тој традиционален вкус кое трае и до денес, нѐ мотивира да создадеме нова уникатна комбинација и да откриеме нов вкус преточен во велигденска крем салата со стоби флипс. Препорачуваме без двоумење да ја пробате!

Велигденска кошничка од макарони 1

Велигденска кошничка од макарони

Остана уште многу малку време до почетокот на велигденските празници, па време е да си направиме нешто креативно кое на домот ќе му даде празнична магија. Препуштете и се на фантазијата и овој Велигден направете нешто поинакво од секогаш и воодушевете ги вашите најблиски со креативноста. Имаме еден многу интересен предлог за декорација на велигденската трпеза за која ви се потребни само еден балон и макарони, а со чија помош ќе направите прекрасна велигденска кошничка од макарони.

Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила

Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила

Разубавете ја велигденската трпеза со брз десерт во чаша! Нема потреба да изгубите многу часови во кујната за да направите слатко совршенство. А што е уште поважно, секој може да го направи овој брз десерт богат со ванила крем. За да ви ја олесниме подготовката и да ви заштедиме време кое може да го поминете со семејството и пријателите, детално ви напишавме кои производи ги набавивме за подготовка.

Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња 1

Добитници од наградниот натпревар „Направи посни Натура крекери, грицкај и освој една од 10-те награди!“

Драги пријатели, изминатите денови имавме супер можност да се дружиме, готвиме и забавуваме со Натура. А нашите вредни читателки, сигурно со нетрпение ги очекуваат резултатите и потајно се надеваат дека ќе се најдат во листата на добитници.

Што треба да знаете при изборот, чувањето и подготовката на печурките?

Што треба да знаете при изборот, чувањето и подготовката на печурките?

Вкусни, здрави, богати со витамини и минерали! Вака можеме да ги опишеме печурките кои се исклучително хранлива намирница. Тие се користат како храна и лек илјадници години наназад. Изобилуваат со корисни состојки за организмот, па препорачуваме често да се најдат на вашето мени. А дали знаете како правилно да изберете свежи и маринирани печурки, како да ги чувате за да го зачувате нивниот квалитет? И што е најважно, ви откриваме и неколку важни совети за подготовка на печурките, со кои ќе станете вистински експерт за вкусни јадења!

Велигденска урнебес салата со варени јајца, готова за 3 минути

Велигденска урнебес салата со варени јајца, готова за 3 минути

Ни доаѓаат убави празнични моменти, богати трпези и дружења со семејството и пријателите! А за да ви заштедиме време и пари, a дружењето да го направиме уште подобро, ви предлагаме супер велигденски рецепт кој ние веќе го испробавме. Направивме велигденска урнебес салата со варени јајца, која се прави само за 3 минути и знаеме дека ќе ве освои!

Има ли повеќе сличности или разлики помеѓу пченкарното брашно и палентата 1

По што се разликуваат пченкарното брашно и палентата?

Сигурно досега сте користеле пченкарно брашно и палента, и знаете дека се добиваат од пченка. Тие се два производи кои се посебни на свој начин и имаат свои специфични карактеристики. Она што на многумина им е нејасно е, која е разликата помеѓу нив, како може лесно да се распознаат и како се приготвуваат за да се постигне совршен вкус на јадењата. Знаејќи го тоа, во продолжение ви припремивме неколку интересни информации за карактеристичните белези и разлики помеѓу пченкарното брашно и палентата.

Велигденски јајца со кујнска хартија - лесна декорација 1

Велигденски јајца со кујнска хартија – лесна декорација

Секоја декорација на Велигденските јајца е посебна и убава за себе, различна и со љубов подготвена од нашите домаќинки. За денес ние избравме еден навистина необичен, а мошне декоративен начин за боење на велигденски јајца со кујнска хартија. Крајниот резултат е интересен и несекојдневен, па навистина вреди да се проба.