Во лето сите се опседнати со својата телесна маса и бараат начин како најбрзо да ја намалат истата, посегнувајќи по било какви диети, најчесто медицински неоправдани и во најлош случај штетни по човековото здравје.
Станува збор за една од најчесто застапените болести на модерното време, затоа срдечно ви препорачуваме да издвоите малку време за своето здравје и да го прочитате овој текст. Здрав крвен притисок е сон на многумина, ако го имате ценете го тоа, а во секој случај прочитајте го подолниот текст со препораки, совети и помош од храната за подобро здравје.
Ренот како лек се користел во традиционалната медицина стотини години наназад. Тој е моќен и вкусен зеленчук кој благотворно делува на целиот организам, а особено на синусите, белите дробови, црниот дроб и желудникот. Освен тоа, лутиот и ароматичен рен поволно влијае и на крвниот притисок, варењето на храната, ја подобрува работата на срцето и ги штити нервите од оштетувања.
За љубителите на полесна храна, кремасти сосови и вкусни јадења со ориз! Топлите денови веќе започнаа, па ретко кој сака да поминува по два до три часа во кујната за подготовка на јадења. Времето е убаво и треба да го користиме за прошетки во природа, но не треба да заборавиме на домашно приготвената храна, која многу е поздрава од брзата или храната која со месеци седи на полиците во маркетите. Токму за овој период ви претставуваме летен специјалитет од ориз со кремаст, млечен сос од печурки и вино.
Дали знаете што е тоа хиперпигментација? Тоа е пореметување на организмот при кое се јавуваат темни дамки на кожата кои настануваат поради насобирање на поголема количина на меланин, кој е одговорен за тенот на кожата. Пробајте да се ослободите од непријатностите со овој домашен третман против пеги, дамки и хиперпигментација.
Глутенот е протеин кој се среќава во група житни растенија, како што се пченица, ‘рж, јачмен, а неговата улога е да и помогне на храната да ја задржи својата форма, заради што често се опишува како леплива растеглива материја. Постојат повеќе луѓе кои се соочуваат со интолеранција на оваа состојка, па затоа ви припремивме неколку рецепти за проја без глутен на едно место. Еве кои се тие!
Брокулата е многу интересен зеленчук кој нуди разни можности за подготовка. Можете да ја претворите во разни јадења или прилог и тоа на едноставен начин. Еден таков рецепт е овој кој го опишуваме подолу, со кој за многу кратко време ќе подготвите брз здрав прилог од брокула и може да го сервирате со омиленото месо.
Многу често луѓето го сместуваат во категоријата на житарици поради неговиот нутритивен профил, а уште една важна карактеристика за ова растение е тоа што не содржи глутен и што е безбеден за употреба од страна на лицата со целијакија. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од употребата на амарант во вашата исхрана.