Чистењето на рерната веројатно е една од домашните активности која најмалку сакате да ја правите. Нема таква домаќинка која ужива во чистењето на рерната, која е напорна работа, а резултатот никогаш не е онаков како што посакуваме.
Древниот лек, кој од дамнешни години го препорачувале многу доктори меѓу кои и Хипократ е млечната сурутка. Ценетиот доктор Паво Ариола ги советувал своите пациенти да консумираат сурутка, за да бидат здрави и да имаат долг и квалитетен живот. Доказ за тоа е Томас Пар, скромен англиски земјоделец, кој живеел 152 години, а бил познат по тоа што пиел сурутка секој ден.
Доколку обожавате домашни лепчиња и сакате да ја дегустирате интернационалната кујна, ви предлагаме да го пробате рецептот за арапски лепчиња. И овој пат на блогот Trydiani пронајдовме интересен рецепт за посни лепчиња кои се прават од комбинација на интегрално, ‘ржано или бело брашно, а од состојките може да направите четири големи или осум мали лепчиња.
За лековитите својства на ловоровиот лист знаеле и нашите предци кои го користеле за лечење на повеќе кожни болести. Ловоровиот лист го подобрува тенот на кожата и има ефект на хидратација. Ги лечи раните на кожата и поседува имуностимулационо дејство, што помага за нормализирање на работата на сите органи. Го подобрува варењето на храната, го смирува нервниот системи помага при заболувања на зглобовите.
Сте правеле колачи и ви останале многу неискористени белки? Немојте да ги фрлате затоа што ние имаме идеја како да ги искористите. Сигурно знаете дека белките содржат многу протеини, но дали знаете дека тие содржат антибактериски ензими и имаат антимикробни својства? Еве неколку корисни начини за да ги искористите преостанатите белки.
Често се случува да купиме повеќе леб и тој да ни остане. Ако ви останал повеќе леб од претходните денови, немојте да го фрлате. Има повеќе начини да го искористите. Со оглед дека ниту една храна не треба да се фрли, Катерина ни дава едноставен, брз и лесен рецепт за да го искористиме вишокот леб и да направиме вкусни ќофтиња од тиквички и бајат леб.
Сега е време да го направиме омилениот компот од праски на многумина од нас! Искористете ја сезоната на праски и лесно направете домашен, природен компот од праски без конзерванси, со кој ќе се освежувате вие и вашето семејство преку целата година, а може да го користите и за подготовка на вкусни десерти.
Сега може да уживате во свежината на морковите и до 3 месеци после купувањето. Применете ги следните начини на чување и имајте секогаш свежи моркови при рака. Најдобриот трик за да се зачува свежината на морковите е да се минимизира количина на вода која ја губат со текот на чувањето. Морковите кои имаат подебела кора, побавно ја губат влагата и се најдобри за чување на подолг временски период.
Многу долго се сметало дека се непријатели на лицата кои страдаат од висок холестерол и дека консумирањето на јајца поттикнува создавање на лошиот холестерол. Но, доколку изедете едно јајце на ден, тоа не претставува опасност и закана за вашето здравје, напротив, кога се јадат умерено јајцата се корисни за организмот.