колачи со рогач

Колачи со рогач и какао

За да имате фантастичен доручек припремете си вкусни колачи со рогач и какао и уживајте заедно со чаша топло кафе. Ако ви останат, замрзнете ги, па кога ќе одите на излет или ви се најавиле гости, само загрејте ги и уживајте во мирисот на свежо печени колачиња. 

Брзи мафини со чоколадни мрвици 1

Брзи мафини со чоколадни трошки

Креирано специјално за вас, во кујната на  Сѐ за храна! Фантастични на лик, а уште повеќе на вкус. Топло препорачуваме да го пробате нашиот најнов рецепт за брзи мафини со чоколадни трошки. Се топат во уста!

велигденски колачиња

Велигденски колачиња

Празничната магија може да започне! Време е за украсување на велигденските јајца и празнично декорирање на домот. Но, и за правење на највкусните велигденски колачиња кои оваа година ќе ги красат нашите празнични трпези. Крцкави и меки, едноставно се топат во устата. Топло ви препорачуваме да ги направите и да се засладите со вашите најблиски.

велигденски јајца со џем од јагоди

Велигденски слатки јајца со џем од јагоди

Нека биде празнично и весело! Внесете ја велигденската магија во својот дом и израдувајте ги сите. Пригответе кремасти, велигденски слатки јајца со богат вкус на јагода и тоа само од 4 состојки.

Велигденски еклери со кремаст ванила фил

Празниците претставуваат совршена можност за да ги направите вашите омилени десерти и рецепти. А, за уште послатки и понеодоливи празници пробајте го нашиот нов рецепт за велигденски еклери. Тие се совршени, воздушести и меки, исполнети со неодоливо вкусен и кремаст фил од ванила. Едноставно мора да ги пробате и да се уверите!

Велигденски чоколадни гнезда за 5 минути

Велигденската слатка магија е насекаде околу нас! На детската радост и нема крај со најдобрите и испробани рецепти од кујната на Сѐ за храна. Празниците разубавете ги и направете слатко катче со брзи и едноставни рецепти. Доволни ви се само 5 минути за подготовка на велигденските чоколадни гнезда кои се рецепт број 1 за овие празници.

мафини со боровинки

Велигденски мафини со боровинки

Овие мафини со боровинки се меки, сочни и воздушести, па ќе ве освојат уште на прв залак. Декоративни се, ќе внесат празнична магија во домот и ќе ги направат велигденските празници уште порадосни и побогати. Се прават лесно и едноставно и се одличен избор за брз и вкусен појадок. Затоа, подеднакво им се радуваат и децата и возрасните. Па, кој е за вкусни мафини со боровинки?

Велигденски куглоф со мармалад и суво овошје

Велигденски куглоф со мармалад и суво овошје

Фантазија од вкусови, преточени во мало и слатко ремек дело кое ќе ја краси вашата празнична трпеза. Нека Велигденските празници бидат повод да го пробате и да ги изненадите вашите најблиски со вкусен куглоф со мармалад.

Кремаста панакота со јагоди

Популарна ширум светот и обожавана во нашата земја! За време на велигденските празници направете ја највкусната панакота со јагоди. Кремаста, сочна, со богата арома на ванила и јагода која ќе го освои сечиј вкус.

Мини американски палачинки 1

Мини американски палачинки по испробан рецепт

Кога се прави нешто со љубов и внимание, резултатот е неизбежно да биде навистина добар! – Така се подготвени нашите омилени и симпатични мини американски палачинки. Тие се традиција за неделен појадок во нашето семејство и може да се каже дека ако ги пробате, и вие „ќе се заљубите“ во нив!

Италијанска пита – кростата со џем од јагоди

Кој може да одолее на вкусна, крцкава и ароматична пита со џем од јагоди? Кростатата е наша омилена италијанска слатка пита. Имавме можност да ја дегустираме при патување во Италија, а бидејќи ни се допадна многу, се потрудивме да најдеме испробан италијански рецепт за ова слатко ремек дело. Ако имате малку време, не двоумете се и пробајте ја популарната кростата со џем од јагоди.  

посни десерти

5 брзи идеи за посни колачи

Постите само што започнаа, а сите идеи за посни колачи и рецепти се добредојдени! Овој пат прошетавме низ маркетите, а инспирација ни беа посните десерти од Винчини. Пронајдовме неколку супер вкусни колачиња кои ги споделуваме со вас. Ванилици, ванилици со чоколадо, гурабии, белани, домашни посни колачиња… еве кои се нашите 5 предлози за овие пости. 

Медени мафини со овесни снегулки, јаболка и цимет

Вкусни, крцкави, сочни и медени – овие мафини со овесни снегулки, јаболка и цимет се супер десерт кој се приготвува лесно и брзо. Идеални се за појадок или слатка ужинка, и одличен избор кога ви се јаде нешто благо, здраво и вкусно!