Овој неварен сок од лимони го имаме пробано и навистина е многу вкусен и освежителен. Рецептот ни го предложи Даниела, па за оваа сезона на настинки и грип сигурно ќе ви се најде од корист.

Може уште да го наречеме здраво топло чоколадо! Меко ќебе, пријатно друштво и топло чоколадно смуди кое ги грее рацете и срцето – дефиниција за совршен есенски и зимски ден! Можете на прсти да ги наброите луѓето или локалите кои знаат да подготват совршено слатко и густо чоколадно задоволство на кое буквално ќе се навлечете.
Здравото смуди од цвекло и ананас влијае поволно за регулирање на крвниот притисок, односно придонесува за негово снижување, вели американската нутриционистка Дејна Вајт. Таа објаснува дека овој здрав напиток содржи „три во едно“: нитрати, магнезиум и калиум, а сите тие придонесуваат за здрав крвен притисок.
За да го започнете денот свежи и полни со енергија, потребно е јадете здрав појадок кој е најважниот оброк. Многумина со кои имаме разговарано често ни велат дека наутро не можат да појадуваат, па затоа им предлагаме да си направат смуди од малини или друго овошје кое е богато со витамини и минерали кои се важни за одржување на здравјето.