ликер од црвено вино

Ликер од црвено вино

Дали знаете дека потребни ви се само три состојки за да направите фантастичен ликер? Можеби чудно звучи, но ликерот од вино е божествен пијалак кој може да ви ја затопли душата и телото.

бела сангрија

Бела сангрија со лимон и портокал

Ако правите приватна забава, чекате роденден или имате некоја друг повод за славење и ви треба лесен, освежителен и вкусен летен пијалак, ви предлагаме да направите бела сангрија. Фантастичната комбинација од свежо овошје и бело вино ќе го задоволи сечиј вкус, а вие сигурно ќе добиете пофалби за пренесувањето на вкусот на Шпанија на вашата забава.

Совршен Мохито коктел на домашен начин

Рецепт за совршен Мохито коктел

Како и обично она што ни го презентира Џејми Оливер е лесно, забавно и интересно, а пред се не постои никаков сомнеж во неговиот резултат. Во ова видео тој ни презентира како можеме сами да направиме најдобар класичен Мохито коктел, кој е еден од најпопуларните во светот. Многу освежувачки, многу симпатичен и уште повеќе едноставен за подготовка.

Домашен сируп за природен сок од нане

Нането е доста спомнувано и корисно растение кое често се користи како зачин, одлично е како додаток во пијалаци и чај, а сега ви предлагаме малку покреативен рецепт за подготовка на домашен и природен сок од нане, кој убаво ќе ве освежува цело лето.

природен ликер од ментол

Природен ликер од ментол

Направете си домашен ликер од ментол и овозможете си вистинско уживање со пријателите и пријателките! Вкусот е одличен, а освен со нане можете да експериментирате и да пробате да направите ликер и со други миризливи тревки.

Природен сок од вишни

Овој пат ви предлагаме испробан рецепт за домашен и природен сок од вишни, кој доаѓа директно од нашата кујна. Секоја година го правиме и уживаме во неговите освежителни ноти, па со задоволство го споделуваме со вас. Вкусот е одличен, а сокот природен, домашен и што е важно без конзерванси.

сок за растворање од маточина 1

Домашен сок за растворање од маточина (пчелинок)

Даниела ни предложи уникатен рецепт за подготовка на домашен сок за растворање од маточина, кој е без конзерванси. Таа за овој рецепт вели: „Маточината е растение кое во летните месеци максимално се користи во домот. Мирисот на лимон кој го има маточината освежува и овозможува да се добие вкусен и освежителен сок со прекрасен вкус. По желба кон маточината може да додадете и неколку гранчиња свежа црвена мента за појак вкус.“

домашен чај од цреши - диуретик

Домашен чај од цреши – ароматичен диуретик

Можеби досега не сте ни помислиле, а веројатно и не сте пробале чај од цреши. Неговите својства за организмот се повеќекратно корисни, тој е ароматичен и освежителен напиток со диуретично дејство.

маргарита-кокотел

Маргарита – најпознатиот коктел од текила

Маргарита е светски познат коктел кој што води потекло од Мексико, а кој се прави со текила, Cointreau или сличен ликер со вкус на портокал и сок од зелен лимон. Овој коктел се служи во чаша чиј горен крај е прекриен со слој од сол. Коктелот може да се послужи со коцки мраз или бледниран мраз.

космополитен-коктел

Космополитен коктел

Космополитен е еден од светски популарните коктели кој претставува вистинско освежување. За прв пат е создаден во Сан Франциско, а големо влијание за неговата популарност има серијата Sex and the City, во која главните актерки често порачуваат Космополитен за време на нивните забави. Коктелот се служи во чаша за мартини, а неговата подготовка е едноставна.

Домашен напиток за слабеење

Домашен напиток за слабеење и топење на стомачни масти

Ако сакате да ослабите во делот на стомакот, овој домашен напиток за слабеење ќе придонесе во голема мера за топење на стомачните масти. Бидејќи народната помош често знае да биде навистина ефикасна, ви предлагаме да го пробате овој природен напиток, кој секој може да го направи дома и лесно, а значајни резултати и ефект на видливо слабеење се забележуваат при секојдневна консумација во период од неколку недели.