домашен ликер од боровинки

Домашен ликер од боровинки

Поканете ги вашите пријателки на вкусен ликер од боровинки кој може многу лесно да го направите. Доволно е само еднаш да го пробате, па да го засакате неговиот ароматичен вкус.

Рецептот за домашниот ликер од боровинки ни доаѓа од кујната на Даниела. Со оглед на тоа што сега е сезона на боровинките, време е да испробаме нешто ново и интересно. Направете го и уживајте во убавите моменти со пријателите. Тоа се памети, нели?

ликер од боровинки

Состојки:

Подготовка:

  1. Боровинките се мијат и се оставаат да се исушат врз кујнска хартија.
  2. Во чисто стаклено шише или тегла се ставаат боровинките и се налеваат со ракијата.
  3. Шишето се затвора со капак и се остава на темно место, на собна температура за време од 3 недели. При подготовка на овој ликер, шишето не се изложува на сонце.
  4. Во текот на овие три недели, шишето повремено се протресува.
  5. Потоа, течноста се цеди. Исцедените боровинки се чуваат во кутија во фрижидер и по потреба може да се користат за колачи или торти.
  6. Во течноста се додава шеќерот. Шишето со ликерот од боровинки се повремено се протресува за да се растопи шеќерот за време од неколку часа.
  7. Штом шеќерот е растопен, готовиот ликер од боровинки е спремен за служење. На здравје!

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Сподели: