Spirulina Pacifica е супер храна против анемија

Дали се чувствувате уморни цело време и имате потешкотии да извршите било какви физички активности? Често патите од вртоглавица или зашеметеност или често имате низок крвен притисок? Дали имате кршливи нокти, губите здив и се задишувате дури и при најмал физички напор? Ако одговоривте со „ДА” на некои од овие прашања, време е да си ја проверите крвната слика, бидејќи можеби страдате од анемија. А, најдобра храна против анемија е Spirulina Pacifica, која докажано ја намалува слабокрвноста.

Дознајте: Spirulina pacifica е кралица на алгите и супер храна за долг живот.

Што претставува анемијата?

Анемијата е честа состојба од која патат околу 2 милијарди луѓе, што претставува повеќе од 30% од светската популација. Од неа се засегнати луѓето од сите возрасти и етнички групи. И мажите и жените може да заболат од анемија, но жените поради губењето на крв преку менструалниот циклус, имаат поголема склоност да станат слабокрвни.

За да се излекува анемијата прво треба да се пронајде примарната причина за нејзината појава. Една од позначајните причини за појавата на анемија е дефицитот на железо. При дефицит на овој минерал, во крвта има ниско ниво на хемоглобин – протеин кој го транспортира кислородот низ целото тело. Како резултат на тоа се јавува недостаток на енергија, проблеми со спиењето и потешкотии при извршувањето на секојдневните физички активности. Со многу висока содржина на железо, дури 23 пати повеќе од спанаќот и витамини од Б комплексот, како и придобивките од моќниот хлорофил, Spirulina Pacifica е од огромна помош во спречувањето на анемијата. Нејзиниот состав е всушност многу сличен со оној на нашиот хемоглобин. Не е ни чудно зошто Ацтеките им ја давале оваа алга на своите воини. Таа е всушност една од најстарите храни кои ги консумираме и денес.

храна богата со железо

Може да ве интересира: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Научно е докажано дека спирулината помага во лекувањето на анемијата

Спирулината е цел на истражувања на многу научници и експерти од областа на медицината. Досегашните студии едногласно потврдуваат дека оваа моќна алга може да се користи како супер храна против анемија.

Во продолжение погледнете дел од резултатите од меѓународно признати експерти, цитирани од најавторитетните автори на книги во светот!

Во една студија која траела 12 недели, а била спроведена врз постарата популација на граѓани кои страдаат од анемија се дошло до многу јасни резултати. Еминентните истражувачи кои ја воделе оваа студија изјавиле дека: „Спирулината може да ја ублажи анемијата и имуносупресијата кај постарите лица. Во текот на 12-неделниот период на истражување, истражувачите забележале постојан пораст на вредностите на хемоглобинот кај испитаниците од двата пола. Но, интересно е дека постарите жени имале поголема корист од додатоците на исхрана кои содржеле спирулина“.

Џејмс Ф. Балх и д-р Марк Стенглер, во својата книга за природни лекови изјавиле дека: „Пронајден е фитоцијанин (фитонутриент) во спирулината, за кој се докажало во одредени студии со животни ја стимулира коскената срж за поефикасно да произведува крвни клетки. Спирулината се смета за богат избор на витамини, минерали и аминокиселини.”

Кога сме кај изборот на спирулина, ние секогаш избираме Spirulina Pacifica која поминува низ серија на тестови за квалитет за да обезбеди супериорна нутриција и чистота. Spirulina Pacifica ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

А доколку имате прашања во врска со консумирањето на Spirulina Pacifica, слободно пратете ни меил на: info@sezahrana.mk.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Spirulina pacifica e суперхрана за трудници, доилки и деца.

*Комерцијален текст

Сподели: