Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес

Денес, стресот е една од најприсутните причини за лошо здравје. Хроничниот стрес енергетски го исцрпува организмот, предизвикува низа промени. Листата е долга – во хормоналната рамнотежа, ја намалува физичката сила и менталната способност, доведува до емоционална нестабилност, депресија, несоница, растревоженост, слаб имунитет, срцева аритмија, сексуална дисфункција, предвремено стареење, како и до експлозија на хронични болести, инфекции и карцином. А ако барате природен начин да се спротиставите на стресот, вие сте на вистинското место. Во оваа прилика ве запознаваме со Rhodiola, кој е позната како златен корен кој помага против стрес.

7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин 1

7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин

Повеќето луѓе во стресните моменти посегнуваат по високо калорична храна како чипс или слатки со надеж дека ќе ја ублажат анксиозноста. Оваа храна за брзо време го подигнува нивото на ендорфин и серотонин, но сето тоа е само повремено решение кое на крај носи повеќе штета отколку корист по здравјето. Води до зголемување на телесната тежина, ниска самодоверба и лошо здравје, што уште повеќе ги потенцира стресот и анксиозноста, како и промената на телесната тежина. Токму затоа, ви предлагаме листа на здрави намирници кои го намалуваат стресот на природен начин, како и некои додатоци на природна база.

5 најчести причини за губење на косата 1

5 најчести причини за губење на косата

Иако губењето на косата не го загрозува животот, ниту пак неговите витални фуккции, сепак човечкиот род е мошне заинтересиран за изгледот, обемот и за квалитетот на косата. Појавата на губење на косата за многу мажи претставува тежок удар врз нивната машкост, но и за жените е подеднакво трауматично искуство. Не е зачудувачки фактот дека косата била објект и култ на почитување уште од најстарите времиња, па да разгледаме нешто повече околу тоа кои се сметаат за најчести причини за губење на косата.

Чај од липа против нервоза и стрес

Липата е листопадно дрво со широка крошна, висока до 25 метри и најчесто цвета во јуни. Кај многу народи, топлиот чај од липа се користи како лек за многу здравствени проблеми. Како што кажува легендата, зраците на сонцето се во цветовите на липата, па затоа по испиениот чај од липа, сонцето влегува во нашиот организам. За липата е познато дека е најдобриот борец против стресот.

И со напорно вежбање не успевате да ги намалите килограмите? 1

И со напорно вежбање не успевате да ги намалите килограмите? Прочитајте зошто!

Секој ден сте во движење, пешачите или имате навика за напорно вежбање, а сепак килограмите не се намалуваат? Стагнирањето на телесната тежина може да ве разочара и да ви ја намали мотивацијата.

Краставица - ублажува глад, отстранува стрес и чисти санитарии 1

Краставица – ублажува глад, отстранува стрес и чисти санитарии!

Овој воден и сочен плод, не само што има многу позитивни влијанија врз нашето здравје, туку можете да го употребите и како средство за чистење. Вкусната краставица е многу благодарен зеленчук за одгледување. Има пријатен мирис и вкус, а дали сте знаеле дека има моќ и да чисти?

согорување на масти кај мажи

Зошто согорувањето на масти е различно кај мажите и жените?

Доаѓаат топлите месеци и сите сакаме да постигнеме убава форма на телото. А сте се запрашале ли зошто на жените им е многу потешко да го намалат вишокот на килограми и да ги согорат мастите во споредба со мажите? – Одговорот на ова прашање прочитајте го во продожение.

здравстевни придобивки од пивото

Здравствени придобивки од пивото: 10 причини зошто треба да го пиете!

Дали пиењето на една чаша пиво на ден може да ви помогне да живеете подолго? Сигурно ќе се изненадите што велат најновите истражувања. Една студија која ја реализираше Универзитетот во Пенсилванија, каде што беа вклучени 80 000 возрасни лица докажа дека пиењето на една или две чаши пиво секој ден, може да го намали ризикот од срцеви заболувања или срцев удар. Покрај тоа, пивото го зајакнува имунитетот, ги штити коските…

стресот и телесната тежина

Имате вишок на килограми? Под стрес сте?

Ако имате проблем со килограмите, тоа може да се должи на многу фактори. Нешто за што треба да размислите сепак е, дали се чувствувате под стрес? Многу често, како причина за прекумерниот вишок на килограми е стресот. 

Направете сами напиток против стрес - рецепт 1

Направете сами напиток против стрес – рецепт

Стресот го има насекаде и секогаш. Ретко кој одлично се справува со него, а голем број од нас се трудат да го откријат најдобриот начин. Можеби ова е вистинското решение за вас, пробајте да се опуштите и релаксирате со овој напиток против стрес.

антистрес топче

Направете антистрес топче и намалете ја напнатоста

Современиот начин на живот не поштедува никој од појавата на стрес. Свесни сме дека стресот е голем непријател на здравјето и убавиот изглед, а сепак сите го прифаќаме во животот како нешто нормално и не се обидуваме да го минимизираме неговото штетно дејство. Меѓу многуте совети за намалување на стресот е да поиграте со антистрес топче, кое можеби е и најзабавниот начин да се релаксирате и да ја намалите напнатоста.

кафе

5 причини зошто треба да пиете кафе секој ден

Сигурни сме дека не постои возрасен ширум светот кој никогаш нема пробано кафе. Но, дали знаете дека 54% од населението над 18 години пие кафе секој ден?  Кафето е добро за мозокот, кожата и телото. Прочитајте ги следните 5 причини зошто треба секој ден да се разбудите со мирисот на кафето.

Aлкохол за среќа и ослободување од стрес, да или не?

Тој е еден од најчестите и опасни пороци на секојдневието, затоа е вредно да се запрашаме, помага ли чаша алкохол против напнатост и страв, има ли значење за нашата среќа и намалување на стресот, можно е тоа или не?

Совети за подобар сон и храна за опуштање пред спиење

Совети за подобар сон и храна за опуштање пред спиење

Се измачувате и не можете да заспиете? Некогаш тоа не е толку тешко колку што не сакаме да пристапиме кон решавање на ситуацијата. Цврстиот сон не е привилегија само на некои кои природно го имаат, на тоа може и да се поработи. Повелете прочитајте неколку решенија и совети за подобар сон, а исто така кои напитоци помагаат да се опуштите пред спиење.