Медитерански вкус за совршено уживање во храната! Ако салатите со туна ви се едни од омилените, ви предлагаме нов рецепт. Пробајте ја оваа вкусна салата со туна и марула, дополнета со вкусот на варени компири, јајца, домати, маслинки, зачинета со маслиново масло, оригано и свеж сок од лимон.