Болоњезе е познат италијански сос, кој се приготвува од мелено месо, а потекнува од Болоња, Италија. Традиционално овој сос се служи со таглиатели, но може да се послужи и со останатите тестенини како шпагети и макарони.
„Лесен и едноставен рецепт за сите обожаватели на пилешко во кари сос! Овај пат ви приготвив интересен предлог за пилешко во кари сос во комбинација со зеленчук и ориз, кој може да го послужите за ручек или вечера. Штом еднаш ќе го пробате, сигурно ќе се најде на вашата листа на омилени рецепти, а добро е тоа што не содржи глутен.“ – вели Марија Кочовска од нашиот тим.
Пилешкиот стек е храна која ретко кој не ја обожава, омилен на сите спортисти и многу често на менито на оние кои внимаваат на здравјето и изгледот. Има многу рецепти за негова подготовка, а овој пат ви предлагаме да пробате мариниран печен пилешки стек со малибу сос, кој веќе е испробан од светски дегустатори.