Колбаси со пире од мешан зеленчук 1

Колбаси со пире од мешан зеленчук и сос од сенф

Ова е еден малку поинтересен рецепт од обични состојки кои сите ги имаме во домовите. Може да се подготвува во било кое време, а посебно е омилен за време на зимските денови и празникот Василица. Па, изненадете ги гостите или домашните со креативно подготвен оброк од колбаси со пире и сос од сенф.

Вкусот е одличен, а ќе бидете сигурни откако ќе пробате и вие.

Колбаси со пире од мешан зеленчук 2

Состојки:

  • 1 кг колбаси
  • 4-5 поголеми компири
  • 2 моркови
  • 2 лажици сенф
  • неколку гранчиња магдонос, по вкус
  • сол и црн пипер по потреба
  • малку масло.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и измијте ги, па исечете ги на парчиња. Во поголемо тенџере ставете вода и додајте ги компирите да се варат додека омекнат убаво. Ако ве интересира да ја дознаете техниката за најбрзо варење на компири, кликнете тука.
  2. Варените компири, исцедете ги и изгмечете ги со алатка за пире. Трик советите кои може да ви помогнат за да имате совршено пире со мазна текстура, може да ги прочитате тука.
  3. Во друг сад ставете да се варат морковите. Морковите претходно треба да се излупени и исечкани на ситни коцки.
  4. Додека се вари зеленчукот, испржете ги колбасите во малку масло.
  5. Откако сте завршиле со пржењето, а маслото се изладило, можете да започнете со подготовка на сосот за пирето.
  6. Сварените и испасирани компири соединете ги со ситно сечканите моркови, а потоа додајте го сосот од сенф.
  7.  Сосот ќе го направите така што, во посебен сад ќе измешате 3 лажици од маслото во кое се пржеле колбасите со двете лажици сенф. Добро измешаната содржина турете ја во пирето, посолете, додајте црн пипер и измешајте.
  8. На крај, ситно исечкајте малку магдонос и додајте го во смесата или декорирајте го пирето со него.
  9. Сервирајте топло и пресно, на здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашно пире од компири – избегнете 7 најчести грешки.

Сподели: