Салата од авокадо, јајца и спанаќ

Имаме нова, интересна идеја за салата од авокадо каква што не сте пробале! Во последно време многу се зборува за корисните придобивки за здравјето од авокадото, па ви предлагаме рецепт, токму за ваква салата.

Најдобро е да ја послужите како намаз со грицки за мезе со пријателите, или може да испечете некое парче леб и да ја намачкате. Вкусна е и сигурни сме дека ќе ви се допадне.

салата од авокадо

Состојки:

  • 7 јајца
  • 120 мл кисело млеко
  • 2 авокадо
  • 1 страк сечкан целер
  • 1 чаша сечкан мал спанаќ
  • буковска пипер по вкус
  • сол и црн пипер по вкус
  • тостиран леб по желба (доколку правите сендвичи).

Подготовка:

  1. Јајцата ставете ги во тенџере и додајте вода. Ставете ги на оган да се варат за време од 8 до 10 минути. За подготовката на оваа салата, подобро е да користите тврдо варени јајца.
  2. Варените јајца излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ставете ги во длабок сад и додајте кисело млеко. Убаво измешајте. Посолете ги и зачинете ги со мелен црн пипер.
  3. Авокадото излупете ги и извадете ја семката. Потоа, изгмечете го со виљушка и посолете го по вкус.
  4. Во садот со варените јајца додајте ги пасираното авокадо, спанаќот и целерот. Измешајте и сервирајте ја салатата. На крај, готовата салата од авокадо, јајца и спанаќ поросете ја со буковска пипер. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Салата со јајца и кисели краставички.

Сподели: