куба либре коктел

Лесно направете Куба Либре коктел

Обожавате коктели и добра забава? Имаме супер предлог за освежителен коктел познат како Куба Либре. Куба Либре во превод значи „Слободна Куба“ е еден од најпознатите коктели во светот кој многу лесно се припрема. Името го добил по Кубанската револуција, а за прв пат бил направен во 1900 година.

Овој освежителен коктел е одличен за секакви пригоди, затоа што се приготвува многу лесно и брзо. Ние ви препорачуваме да направете Кубе Либре за себе и да ги изненадите своите пријатели, а сигурни сме дека ќе ви се допадне комбинацијата од кола, рум и зелен лимон. Карактеристично е тоа што Куба Либре коктелот секогаш се служи во висока чаша.

Не заборавајте да ни напишете како ви се допаднал вкусот на коктелот Куба Либре.

Состојки:

  • 50 мл рум
  • 100 мл ладен кола сок
  • 1/2 зелен лимон.

Подготовка:

  1. Во висока чаша ставете неколку коцки мраз.
  2. Зелениот лимон прсечете го на две кришки.
  3. Кришките зелен лимон исцедете ги во чашата со мраз, а потоа ставете ги во неа.
  4. Во чашата додајте го румот, а потоа дополнете со ладен кола сок и внимателно измешајте. Коктелот Куба Либре послужете го веднаш. На здравје!

Совет: за да добиете совршен Куба Либре коктел секогаш прво исцедете го лимоновиот сок врз коцките мраз пред да додадете рум.

Сподели: