Едноставно направете мирисна киселина од лаванда 1

Едноставно направете мирисна киселина од лаванда

Сте знаеле ли досега дека можете да направите киселина од лаванда? Толку е едноставно, а многу корисно за секое домаќинство. Сега ќе дознаете како може да ја направите, а за многу скоро и како да ја употребите во домот на повеќе начини.

Во киселина можете да чувате разни овошки и повеќе растенија, а вака направената киселина од лаванда е мирисна и посебна. Одлична е како омекнувач, како спреј против бубачки и инсекти, за нега на кожата и косата, а докажано е дека делува и како чистач на разни површини.

Едноставно направете мирисна киселина од лаванда 2

При подготовката на киселината од лаванда, количината на состојките можете да ја прилагодите соодветно на вашата потреба, така, според  тоа што ви е потребно толку состојки ставете. Ако ставите повеќе лаванда во помала количина киселина ќе добиете поизразен мирис. Слободно одлучете по чувство колку мислите дека е доволно, како и да е, нема да згрешите.

Еве како да направите мирисна киселина од лаванда

Потребно ви е:

Подготовка:

  1. Листовите и гранчињата лаванда ставете ги во стаклена тегла, а потоа прелијте ги со врела киселина. Доколку немате свежа, може да користите и сува лаванда.
  2. Теглата веднаш поклопете ја со капак за да спречите испарување. Препорачливо е да не користите метален капак, туку пластичен, или доколку немате, како замена помеѓу теглата и капакот прво ставете слој на фолија.
  3. Чувајте ја на темно и ладно место 3-4 седмици, а при тоа повремено промешувајте ја течноста.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно ароматично масло за масажа и релаксација.

Сподели: