Велигденски „моркови“ - мезе од кашкавал и крем сирење 1

Велигденски „моркови“ – мезе од кашкавал и крем сирење

Вкусно и интересно размрдување на трпезата! Израдувајте ги домашните овој Велигден со супер мезе од кашкавал кое може да го послужите со пијалак или пак да го искористите како намаз за појадок.

За брзиот и лесен рецепт се заблагодаруваме на нашата пријателка Лана!

Велигденски „моркови“ - мезе од кашкавал и крем сирење 2

Состојки:

  • 200 гр кашкавал
  • 200 гр крем сирење
  • 2 рамни лажици ситна црвена пипер
  • малку сол и црн пипер
  • неколку гранчиња магдонос.

Подготовка:

  1. Кашкавалот изрендајте го и измешајте го со крем сирењето.
  2. Додајте ја мелената пипер и измешајте за убаво да се обои смесата.
  3. Посолете и додајте црн пипер по вкус.
  4. Од припремената смеса обликувајте долги форми во вид на морков.
  5. Со тапата страна на ножот направете неколку линии на површината и секако на широката страна ставете гранчиња магдонос.
  6. Оставете ги во фрижидер да се стврднат за време од неколку часа.

Ако не сакате да правите форми, може да го послужите како намаз или мезе со друга форма.

Ви препорачуваме да прочитате: Василичарско мезе од колбаси со топен кашкавал.

Сподели: