Направете природен спреј за зацврстување на косата 1

Направете природен спреј за зацврстување на косата

Иако знаете колку може да биде штетен спрејот за зацврстување на косата, едноставно не можете да си ја замислите секојдневната утринска рутина и средување на косата без него? Ако е така, пробајте да направите потполно природен спреј за зацврстување на косата. Сигурно ќе ви се допадне!

Косата со многу спреј може да изгледа многу грдо и неприродно, а во желба секое влакно да стои на „своето место“, ние на обрнуваме внимание на тоа. Освен тоа, спрејовите за коса се штетни и за косата и за кожата на главата, па затоа ви предлагаме да пробате сами да направите природен спреј за коса кој не е ни малку штетен, а е доволно силен за да ја задржи вашата фризура каква што сакате преку целиот ден.

Направете природен спреј за зацврстување на косата 2

Состојки:

Начин на подготовка и употреба:

  1. Портокалот или лимонот, измијте ги и исечете ги на парчиња, па измешајте ги со дестилираната вода и ставете ги на оган. Оставете ги така додека течноста се преполови.
  2. Со помош на густа ткаенина, течноста исцедете ја и отстранете ги парчињата овошје. Ако немате полна шолја течност, додајте уште малку дестилирана вода. Оставете течноста да се излади.
  3. Алкохолот и етеричното масло измешајте ги во помал сад, а потоа измешајте ги со сокот/течноста од овошјето.
  4. Спрејот за коса турете го во пластично шише со прскалка. Добро мешајте при секоја употреба. Имајте на ум дека овој спреј нема да ја фиксира вашата коса за да личи неприродна и да не се помрднува, но бидете сигурни дека после неколку употреби ќе го обожавате овој препарат.

Ви препорачуваме да прочитате: Спреј од нане и рузмарин за подобар раст на косата.

Сподели: