спреј против пестициди

Спреј против пестициди од овошје и зеленчук

Препораките на експертите се јасни, во текот на денот да се конусмира повеќе овошје и зеленчук. Но, од друга страна се често се споменува за штетните пестициди кои се наоѓаат на овошјето и зеленчукот. Се поставува прашањето – како да се заштитме од штетните влијанија на пестицидите?

Секоја година, речиси 48 милиони луѓе заболуваат од консумација на загадена храна, меѓу кои спаѓаат овошјето и зеленчукот. Животните, опасните супстанции во земјата и водата, лошата хигиена на вработените во прехранбената индустрија и други фактори водат до контаминација на храната. За да се избегне тоа се препорачува темелно миење на производите. Чистењето на производите со киселина помага да се уништат бактериите и да се отстранат пестицидите, па така овошјето и зеленчукот се безбедни за консумација.

Спреј за чистење на овошје и зеленчук со мазна површина

Доматите, јаболката и грозјето се дел од оваа група на производи. За да ги исчистите, измешајте алкохолна киселина со вода во однос 1:3 и ставете ја во шише со прскалка. Испрскајте ја површината на овошјето и оставете да делува 30 секунди, а по желба може да оставите да делува подолго време. Потоа измијте го овошјето со ладна вода, за да се отстрани мирисот на киселината. Американската агенција за храна и лекови препорачува овошјето и зеленчукот со мазна кора нежно да се тријат со рацете при миењето, а да не се користи абразивна четка. Со тоа се превенира оштетувањето на кората и спречување на контаминација во внатрешноста на овошјето и зеленчукот.

спреј против пестициди

Раствор за чистење на овошје и зеленчук со рапава површина

Брокулата, карфиолот, зелениот лиснат зеленчук, дињата, компирите, јагодестото овошје и другите производи кои немаат мазна површина, многу потешко може да се исчистат. За да ги исчистите производите од оваа група потопете ви во раствор од алкохолна киселина и вода во однос 1:3. За да може темелно да ја исчистите зелката, марулката и останатиот зелен лиснат зеленчук, одвојте ги листовите и потопете ги во растворот од вода и киселина. Оставете ги за време од неколку минути, а потоа измијте ги под млаз на вода и темелно исчистете ги со четка.

Сподели: