Безглутенски појадок од житарки, зеленчук и сирење 1

Безглутенски појадок од житарки, зеленчук и сирење

Често се случува да „ни се истрошат“ идеите околу тоа што да се јаде, а посебно кога сакаме да избереме нешто поздраво на нашето мени. Овој рецепт за безглутенски појадок од житарки, зеленчук и сирење настана баш така, потполно спонтано. Вреди да се проба, ние потврдуваме!

Искористивме секојдневни состојки за да добиеме потполно нов вкус. Нашата кујна е полна со креативност и со задоволство споделуваме она од кое се задоволни повеќе наши дегустатори. Направете си ваков појадок и вие за вашето семејство, лесно е!

Безглутенски појадок од житарки, зеленчук и сирење 2

Состојки:

  • 7-8 пиперки зависно од големината
  • 1 поголем морков или 2 помали
  • 5-6 лажици просо
  • 5-6 лажици хељда
  • 100 – 150 гр сирење (по вкус)
  • 3 јајца
  • магдонос
  • сол и масло по потреба.

Подготовка:

  1. Пиперките прво измијте ги, па отстранете им ги дршките и издробете ги.
  2. Морковот излупете го и изрендајте го на покрупната страна на рендето.
  3. Просото и хељдата прво сварете ги, а потоа исцедете ги. Најдобро сварете ги по упатството, или доколку не знаете ставете малку повеќе вода па исцедете ја и нема да направите грешка.
  4. Исечканите пиперки и морковите запржете ги со малку масло, а доколку сакате да останат посочни и да се готови побрзо можете да додадете и малку вода.
  5. Сварените и исцедени просо и хељда додајте ги во тавата со запржените пиперки и моркови. Продолжете да пржите додека испари заостанатата течност, а при тоа мешајте за да не загори содржината во тавата.
  6. Во одделна чинија измешајте ги јајцата и ренданото сирење, па пред крајот додадете ги во тавата. Доколку го сакате вкусот на магдоносот, сега е моментот кога треба да го додадете во тавата.
  7. По желба додајте сол.
  8. Откако сте завршиле со подготовката, сервирајте со помош на лажица за формирање топки и декорирајте со ливчиња сечкан магдонос.

На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен безглутенски протеински леб со низок гликемиски индекс.

Сподели: