Сон на секоја домаќинка е трпезата која ја припрема за различни свечености, куќна слава, именден, роденден да изгледа најубаво. Често и ние сме во потрага на идеи за декорација на трпезата, декорација на салфетки, местење на приборот, чиниите и слично.
Па, затоа ви припремивме неколку совети кои ќе ви бидат од голема корист при поставување на маса.
Важно е да го одредите бројот на гости
На прво место треба да се води грижа за бројот на гостите кои ќе ги повикате. Гостите не треба да седат премногу збиени на масата, помеѓу секој гостин да има барем 50 см растојание.
Изберете соодветна прекривка за масата во зависност од тоа дали припремате свечен ручек или вечера
За ручек на масата се поставува прекривка која може да е бела или во друга боја. Наместо прекривка може да се стават сетови во боја (подметачи) по еден за секој прибор за јадење. Доколку свечената маса се припрема за вечера задолжително се става бела прекривка, која од сите четири рабови на масата ќе паѓа надолу во должина од околу 15-20 см.

Не ги заборавајте салфетките
Сaлфетките за ручек се ставаат во чинијата (во легната или исправена положба), а за вечера се ставаат од десната страна покрај чинијата. Салфетките треба да бидат платнени, но може да направите исклучок доколку гостите ви се многу блиски пријатели или роднини, па можете да се опуштите и да користите хартиени салфетки. Во зависност од приликата ви предлагаме да направите салфетки во форма на цвет, орхидеи, ѕвезда, круна, модерна ќеса, срце или маичка.
Разубавете ја масата со свежо цвеќе
Трпезата можете да ја декорирате со свежо цвеќе, кое е аранжирано во плитки вазни по должината на целата маса. Доколку станува збор за свечена вечера тогаш може да додадете и свеќници со украсни свеќи кои се палат непосредно пред да седнат гостите.
Поставете соларници на масата
Освен приборот за јадење, на трпезата ставаме и доволен број на соларници со сол и црн пипер. Во случај да се сервирани во отворен стил, гостите никогаш не земаат од зачините со сопствениот прибор, туку тоа го прават со приборот назначен за тоа, кој е заеднички за сите.
Ручекот или вечерата започнете ја со аперитиви
Пред ручекот или вечерата се служат аперитиви. Тие се наоѓаат на помала маса непосредно до главната маса, и тоа веќе турени во чаши. При изборот на аперитиви треба да се внимава на вкусот и навиките на гостите, но и на сопствените можности за нивно задоволување. Понекогаш гостите приоѓаат и сами се послужуваат, а понекогаш ги послужува домаќинот (во зависност од желбите и бројноста на гостите).
Во комбинација со аперитивите се служат солени бадеми, гризинки и слично. Откако гостите ќе се послужат со аперитиви, приоѓаат кон трпезата. Аперитивите можат да се конзумираат и по седнувањето, при што домаќинот ги послужува со пијалок и на секој му носи од тоа што ќе посака. На ист вакаов начин аперитиви се служат и во ресторан.