крем салата со јајца и сирење

Брза крем салата со јајца и сирење

Ако ви се најават гости и не знаете со што да ги почестите, имам еден баш брз и многу лесен рецепт од мојата кујна! Нема потреба да се грижите, затоа што за кратко време ќе имате вкусна крем салата со јајца и сирење, која многу ќе им се допадне на домашните дегустатори, а и на гостите! – вели Катерина од нашиот тим.

„Морковот и дава посебна свежина и убава текстура, а нането пак, арома на која не може да се одолее. Прво ја пробавме дома и уживавме многу, па топло препорачувам да си ја направите и вие што поскоро.“ – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

брза крем салата со јајца и сирење

Состојки:

  • 5 варени јајца
  • 50-70 мл мајонез
  • 100 гр сирење
  • 200 мл павлака
  • 2 поголеми моркови
  • 1/2 до 1 лажичка суво нане
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Прво сварете ги јајцата, па оставете ги да се изладат.
  2. Во меѓувреме, измијте ги и изрендајте ги морковите.
  3. Претходно изладените јајца, ситно исечкајте ги или изрендајте ги.
  4. Во поголем сад ставете ги ренданите моркови и јајцата, а потоа додајте го и претходно изренданото сирење, мајонезот и павлаката.
  5. Промешајте малку, па зачинете ја салатата со сувото нане, како и црн пипер и сол по вкус.
  6. Смесата убаво измешајте ја и ставете ја во чинија за сервирање. Декорирајте по желба или  со парчиња рендан морков и поросете со нане. Лесно и брзо, на здравје!

Препорака од авторот:

Обожавам, брзи, вкусни и лесни рецепти! – Па, ако ви се допадна предлоговразгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви предлагаме да прочитате: Бела крем салата со компири и мајонез.

Сподели: