Освен салата, како предјадење може да послужите вкусна и топла супа од печурки. Една од нашите омилени е крем супата од печурки од Витаминка, која ја има во две варијанти, посна и не посна, а и двете се одлични за јадење. Па, ви откриваме како правиме вкусна и брза крем супа во нашата кујна!
Состојките се едноставни, подготовката е лесна, а дегустаторите исклучително среќни!

Состојки:
За посна варијанта:
- 1 ½ литар вода
- 250-300 гр сечкани маринирани печурки/шампињони
- 1 ќесичка крем супа од печурки од Витаминка
- мешан зачин Дафинка по вкус
- црн пипер од Витаминка по вкус
- свеж магдонос по потреба.
За обична варијанта:
- 200 мл неутрална павлака или по вкус.
Подготовка:
- Најпрво, во одделен сад исечкајте ги маринираните печурки.
- Во сад на оган ставете ја вода и додајте ја содржината од ќесичката.
- За тоа време, со помош на жица за матење, мешајте додека супата зоврие.
- Потоа, додајте сечкани маринирани печурки и зачинете со мешаниот зачин и црниот пипер.
- Варете за време од 7 до 10 минути и на крај додајте ситно сечкан свеж магдонос.
- Готовата крем супа од печурки послужете ја додека е топла, на здравје!
Совет плус: Ние почесто го подготвуваме погоре опишаниот рецепт со посната крем супа на Витаминка. А, ако не постите или не сте обожаватели на посните вкусови, ви предлагаме да ја изберете крем супа од печурки, која што изгледа баш како на фотографијата и секако, во состав на супата да ја додадете и павлаката. Сме ја пробале и во таква варијанта, може да замислите колку е вкусот полн и богат, а најдобро, пробајте ја. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави зачинети прстени од похуван кромид.
*Спонзориран текст