Хранлив оброк богат со витамини и минерали! Потребни ви се помалку од 10 минути за подготовката, а ќе ви даде сила и енергија за целото утро. Направете си вкусна и брза овошна салата за појадок и освежување. Денот може да започне!
„За мене, поубаво од овошна салата за појадок – нема. Секогаш кога сум во брзање или треба да понесам оброк надвор од дома, си ја подготвувам оваа салата. Конечно ѝ дојде редот да ја сликам, па и да ја споделам со вас. Иако редовно комбинирам и други овошја во разни салати, оваа ми е омилена и си ја правам многу често.“ – вели Марија Апостоловска, нутриционист од нашиот тим.

Состојки:
- 1 кисело јаболко
- 1 банана
- 1 чаша одмрзнати малини (во сезона најдобро е свежи)
- 1 мала лажичка семки од тиква
- 1 мала лажичка чиа семе.
Подготовка:
- Јаболкото убаво измијте го. Исечете го на половина и излупете го.
- Половина од јаболкото исечете на коцки и ставете го во подлабок сад.
- Исечете на кругови половина од бананата. Додајте ја во садот со јаболката.
- Во садот додајте ја другата половина од јаболкото, а веднаш после тоа и половината од бананата.
- На крај додајте ги претходно одмрзнатите малини.
- Поросете со семки од тиква и чиа семе.
Автор на рецептот: Марија Апостоловска, @marija.apostolovska97.
Ви препорачуваме да прочитате: Ладен овесен појадок со јогурт и боровинки за 5 минути.