„И за појадок и за ручек и за вечера! Секогаш можеме да јадеме потпечени макарони со сирење. Овој убав, традиционален рецепт од македонската кујна, го преработив и направив моја верзија со кашкавал.
Лесно и брзо се прават, и не е потребно големо искуство во кујната. За 20-тина минути ручекот за целото семејство е готов.“ – вели Марија.

Состојки:
- 200 г макарони
- 3 јајца
- 200 г Шарпланинско кравјо сирење
- 100 г Кораб крајви кашкавал
- Сол по вкус.

Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете 3 до 4 литри вода да се вари. Додајте ½ мала лажичка сол. Штом водата зоврие, намалете ја температурата и додајте ги макароните. Варете ги според упатството околу 5-7 минути.
- Јајцата изматете ги со виљушка. Сирењето издробете го. Кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето.
- Варените макарони исцедете ги и оставете ги кратко да се изладат. Потоа додајте ги јајцата и сирењето. Измешајте за да се соединат состојките.
- Во тава за печење ставете ги макароните, израмнете и додајте го ренданиот кашкавал.
- Печете во загреана рерна на 250 степени, околу 10 минути. Готовите потпечени макарони со сирење оставете ги кратко да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!
Совети плус:
- Во водата во која се варат макароните, не додавајте масло. Тоа ќе спречи состојките убаво да се поврзат. Најважно е да има доволна количина на вода 3-4 литри.
- Посолете по вкус. Јас не додадов дополнителна количина на сол, бидејќи сирењето е веќе солено.

Препорака од авторот:
Ако ти се допадна овој рецепт, разгледај повеќе идеи на мојот Инстаграм профил – @kocovska.marija и заследи ме. Таму ќе пронајдеш и корисни и практични совети за домот. Може да ме следиш на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
А бидејќи се ближат велигденските празници, ти предлагам да го разгледаш рецептот за: Кинеска салата со ориз.
*Рецептот е поддржан од Млекара Тетово.