Едноставно, лесно и вкусно! На Инстаграм блогот на нашата пријателка Наташа пронајдовме одличен рецепт, па го споделуваме со вас. Брз десерт со гриз и шумско овошје, идеален за секоја пригода!
Ако ви се пријаде нешто благо, а не сакате да поминете многу време во кујната, ова е вистинскиот рецепт за вас. Брз десерт со гриз и шумско овошје кој е одличен и во комбинација со вашето омилено кафе. Направете го, поканете ги вашите пријателки на попладневна дружба и почастете се. И не заборавајте да си го запишете рецептот, бидејќи сигурни сме дека ќе сакате да го направите пак.
Може да ве интересира и: Рецепт за турска раванија со гриз и кисело млеко.

Состојки:
За една порција:
- 200 мл бадемово млеко
- 2 лажици гриз
- 1 лажица таан
- 1 лажица мед
- ванила по вкус.
За декорација:
- шумско овошје.
Подготовка:
- Млекото ставете го во сад на оган да зоврие.
- Откако ќе зоврие, намалете ја температурата. Додајте 2 лажици гриз и продолжете со варење уште 5 минути.
- Потоа, додајте 1 лажица мед, 1 лажица таан и ванила. Измешајте.
- Сервирајте во чаши по избор и декорирајте со шумско овошје. На здравје!
Автор на рецептот: Наташа Мустафа (natasaemil).
Ви предлагаме да прочитате: Овошен тарт без печење.