Овој е многу едноставен и брз посен сос или макало, кое за гурманите може да биде и лутичко, за уште повеќе да уживаат! Весна ни кажа дека овој сос одлично одговара со месо, јагнешко, свинско, телешко, пилешко, по желба. Ние го пробавме и навистина е многу вкусен!
Еве што друго вели: „Сосот го препорачувам, ептен е вкусен е, едвам успеав да го сликам, брзо отиде. Доминира лукчето и вкусот на пиперките. А зеленчукот, можете да го исечете поинаку, тоа не е обавезно да е баш вака.“

Состојки:
- 3 моркови
- 2 црвени пиперки
- 2 зелени пиперки
- 3 големи чешниња лук
- 2 лажици пченкарно брашно
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- сушен зачин по потреба
- црвен пипер по вкус
- малку рузмарин
- малку масло.
Подготовка:
- Морковите измијте ги и излупете ги, па исечете ги на долги стапчиња.
- Пиперките измијте ги, исчистете ги од семето, па исто како и морковите исечете ги на долги стапчиња.
- Лукчето излупете го, измијте го и сечете го на тенки ливчиња.
- Се пржат убаво, како печени, на капка масло, а потоа се додава малку водичка и пченкарно брашно, па се динста до омекнување. За овој чекор да го изведите беспрекорно, пожелно е да користите нелеплива тава за пржење.
- Посолете и додајте црн пипер по вкус.
- Додајте ги и останатите зачини, црвениот пипер, сувиот зачин, рузмаринот. Измешајте и на здравје!
Рецептот го испратил: Весна Рор, vesnarohrrecepti.com
Ви препорачуваме да прочитате: Посен прилог од зеленчук сервиран со кус кус.