Едноставно, брзо и лесно, а многу вкусно и здраво! Одличен брз сос од авокадо, кој одговара на различни режими на исхрана, а и супер е за разни прилики и замезување со друштвото. Вреди да се проба!
Бетина ни кажа: „Јас ставив нешто повеќе сок од половина лимон, но тоа е по вкус. Може и да додадете зачини по желба.“ Па, препуштете се на креативноста и уживајте. На здравје!
Состојки:
- 2 зрели авокада
- 1 мала главица кромид
- 2 чешниња лук
- свежо цеден сок од 1/2 лимон (или по вкус)
- 1 лажица маслиново масло
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Авокадата измијте ги, излупете ги и исечкајте ги. Може да ги оставите во сад, или директно да ги ставите во садот за блендирање.
- Потоа, излупете ги и измијте ги чешнињата лук и додајте ги во садот.
- Лимонот исцедете го за да добиете свежо цеден сок. Додајте го во садот за блендирање исто така.
- Додајте го и маслиновото масло, а потоа додајте сол и црн пипер по вкус.
- Блендирајте ја смесата додека добиете мазен крем.
- На крај, додадете го ситно сечканиот кромид и убаво измешајте.
Рецептот го испратилa: B.Kuzevski, zgotvenosoljubov.
Ви препорачуваме да прочитате: Брускети со намаз од авокадо.