Вакво нешто е невозможно да не се проба! И обичен леб да касне човек кога е топол е неодолив, а вака припремената векна со фил од сирење и афион е врвот на вкусното доживување!
На Катерина срдечно и се заглагодаруваме за рецептот, а во прва можна прилика ќе го пробаме.

Состојки:
За тесто:
- 300 грама брашно
- 50 грама рендано сирење (грана, пармезан или друго тврдо сирење)
- 15 грама свеж квасец
- 90 мл млеко
- 1 лажичка шеќер
- 125 мл јогурт
- 1 јајце
- 1/2 лажичка сол.
За премачкување и посипување:
- маслиново масло по потреба
- сирење по потреба
- афион по потреба.
Подготовка:
- Млекото стоплете го, па во него растворете ги шеќерот и квасецот.
- Во подлабок сад измешајте ги брашното и сирењето.
- Додајте ги растворениот квасец, јогуртот, разматеното јајце и солта.
- Од состојките замесете тесто и оставете го да нарасне.
- Откако ќе нарасне расукајте правоаголна кора со дебелина од 5 мм, па премачкајте ја со маслиново масло и посипете ја со сирење и афион.
- Така припремената кора исечете ја на правоаголници.
- Пред да започнете со редењето на парчињата пприпремете го калапот за векна, така што ќе го обложите со хартија за печење.
- Наредете ги парчињата тесто, премачкајте ги со маслиново масло и оставете ја векната да нараснува за време од 1 час на топла (собна) температура.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, за време од околу 20 минути и на здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен леб со фета сирење.