Домашен леб со фета сирење 1

Домашен леб со фета сирење

Леб, но со уште подобар вкус! Понекогаш е добро да внесеме мала промена во секојдневното мени. Кате сподели со нас одличен рецепт за домашен леб со фета сирење, а ние можеме да го направиме и да го изненадиме семејството.

Овој леб се прави многу лесно и воопшто не е сложена постапката доколку некој помалку искусен сака да го подготви. Не одзема многу време, а ќе направи разлика во вашето секојдневие. За појадок со зеленчук одговара многу добро. Направете салата и уживајте во едноставноста на вкусовите. Доколку сакате да дознаете повеќе за тоа како може да ја одржите подолго свежината на лебот, кликнете тука.

леб со фета сирење 2

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1/2 коцка квасец
  • 250 гр фета сирење
  • 1 лажичка сол
  • прстофат шеќер
  • по потреба топла вода.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го брашното.
  2. Во средината направете вдлабнатина и ставете го квасецот, солта и малку шеќер.
  3. Ставете малку топла вода и оставете квасецот убаво да нарасне.
  4. Додајте го испасираното фета сирење и со топла вода замесете меко нелепливо тесто и оставете го да нарасне.
  5. Потоа, врз набрашнета површина размесете го тестото и обликувајте долгнавеста форма на леб.
  6. Засечете го на неколку места и оставете го да нарасне.
  7. Лебот печете го загреана рерна од 200 степени, додека убаво зарумени.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Леб со маслинки, сирење и сланина.

Сподели: