Време е за вкусна крем супа од карфиол која ќе ви ја стопли стопли душата! Домашна и природна, претставува навистина здрав и вкусен оброк или предјадење.
Крем супите од зеленчук се едни од најздравите и најхранливите, па ова е одлична можност да уживате во нешто добро и да придонесете за своето здравје.

Состојки:
- 300 гр карфиол
- 1 главица кромид
- 1 мал пашканат
- 1 компир
- 1 коцка за супа од зеленчук
- 2 лажици маслиново
- мешан зачин по желба како додаток
- сол и црн пипер по вкус
- вода по потреба.
Подготовка:
- Прво измијте ги и излупете ги кромидот и пашканатот. Ситно исечкајте ги, но во одделни садови.
- Компирот, исто така измијте го и излупете го, па пресечете го на половина.
- Карфиолот измијте го и исечете го на цветови.
- Во тенџерето во кое ќе ја правите супата, ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот кромид. Пржете со постојано мешање, додека кромидот порумени.
- По кратко време додајте го пашканатот.
- Во тенџерето додајте го карфиолот и измешајте. Оставете го кратко време да се динста.
- Потоа, во тенџерето налејте вода и додајте ја коцката за супа и двете половинки од компирот. Оставете да се вари околу 20 минути на средно висока температура, или додека карфиолот омекне и компирот се сварил.
- За време на варењето, по желба додајте мешан зачин, сол и црн пипер.
- Со рачен блендер миксирајте го карфиолот и компирот додека добиете хомогена смеса. Доколку немате рачен блендер, тенџерето тргнете го од огнот и оставете ја супата кратко време да се излади. Потоа, ставете ја во блендер и блендирајте додека добие убава густина и изедначеност. За овој чекор да ви биде најуспешен, советуваме прво да го извадите карфиолот и компирот и да ги блендирате со помалку вода, а потоа да продолжите со додавање на останатата течност.
- По потреба додајте уште вода.
- Симпатичната и вкусна крем супа од карфиол декорирајте ја со неколку мали светови карфиол, малку црн пипер и чили или буковец и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Крем супа од брокула.