Воздушести палачинки од белки и овес

Воздушести палачинки од белки и овес

За сите љубители на лесен појадок, овие воздушести палачинки од белки и овес се одличен избор. Истите може да ги послужите како сладок појадок или пак попладневна ужина. Рецептот ни доаѓа од кујната на Лана и веќе знаете дека сигурно ќе ве воодушеви. Сите нејзини рецепти се вистинско уживање. На вас останува само да си ги направите и да му се препуштите на едно неверојатно гурманско искуство кое ги задоволува сите сетила.

Брашното е заменето со мелени овесни снегулки, па тестото лесно може да се збогати со благи или солени додатоци по желба на консуматорот. Палачинките може да ги комбинирате со различни видови на овошје или пак овошни џемови, прелив од мед и лешници. Изборот е ваш, а секако нема да погрешите!

палачинки од белки

Состојки:

  • 2 белки од јајце
  • 1 чаша овесни снегулки
  • прстофат сол
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • 2-3 лажици несолена изварка (урда)
  • 1 лажица мед по желба
  • овошје по желба.

Подготовка:

  1. Најпрво во длабок сад изматете ги белките во цврста пена.
  2. Овесните снегулки сомелете ги со помош на блендер или сечко во фина прашина и нежно промешајте ги со изматениот шлаг од белки.
  3. Во садот додајте ги солта, прашокот за печиво, медот и сирењето. Добро измешајте со лажица додека сите состојки се соединат.
  4. Во тава на оган загрејте малку масло и ставајте 2-3 лажици од смесата за палачинки врз загреаното масло. Смесата обликувајте ја во форма на палачинка.
  5. Палачинките пржете ги кратко од едната страна, па внимателно завртете ги и испржете ги и од другата страна.
  6. Извадете ги врз чинија прекриена со салфетка со цел да се впие вишокот на масло.
  7. Сервирајте ги со прелив од мед. По желба може да ги збогатите со парчиња свежо овошје или јаткасти плодови. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Здрави палачинки од банани – без шеќер и без брашно.

Сподели: