Гостување на sezahrana.mk на ТВ Орбис по повод светскиот ден на храната 1

Гостување на sezahrana.mk на ТВ Орбис по повод светскиот ден на храната

По повод Светскиот ден на храната кој секоја година се одбележува на 16 Октомври, уредниците на sezahrana.mk , М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска зедоа учество во емисијата „Пелагонија на дланка“, реализирана од ТВ Орбис. Темата на разговор потекна по повод овогодинешното одбележување на светскиот ден на храната, под мотото „Климата се менува, храната и земјоделство мора да се менуваат“.

Гостување на sezahrana.mk на ТВ Орбис по повод светскиот ден на храната 2

Во рамките на емисијата беа дадени совети, препораки и свое мислење за климатските промени и нивното влијание врз производството на безбедна храна во светски рамки. Главните теми на кои се говореше беа како секој поединец може да придонесе врз намалување на глобалното затоплување и ублажување на последиците од истото.

Главните препораки се:

  • правилно чување на храната за да се сочува нејзиниот квалитет
  • консумирање на балансирана храна, со поголемо учество на храната од растително потекло
  • поттикнување на избор на органска храна и храна произведена од локални производители
  • намалување на потрошувачката на вода за време на туширање, миење на заби и слично
  • подготовка на храна во соодветни количини, донирање на храната која е вишок итн.

Емисијата може да ја погледнете на следното видео.

Во петок на 14-ти Октомври ви најавуваме гостување во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител. Емисијата може да ја следите од 06:45 до 10:00 часот, утрото. Во оваа емисија ќе зборуваме ќе зборуваме за една од најважните теми на денешницата, храната која нѐ поврзува сите нас. Исто така ќе имате можност да го видите приготвувањето на два здрави рецепти за проја со семиња и бомбици од јаболка и цимет без шеќер од кујната на Сѐ за храна.

Очекуваме да го проследите нашето гостување, петок од 07:20 часот.
Се гледаме на ТВ Сител!

Сподели: