Како ви се допаѓа идејата наместо да купувате готов сос за пица, да си направите сами? Имаме одличен рецепт за доматен пица сос, кој е подобар дури и од купечките!
Освен за пица, овој сос може да го користите и како прелив за тестенини, лазањи и други јадења. Ви гарантираме дека доволно е само еднаш да го направите и да се уверите во едноставната подготовка и убавиот вкус. Потоа, ќе го правите повторно и повторно.

Состојки:
- 1 конзерва домати
- 2 лажици маслиново масло
- ¼ чаша рендан црвен кромид
- 1 лажица сушен босилек
- ¼ – ½ лажица лута пипер по вкус
- 3 чешниња рендан лук
- 2 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Доколку користите конзервирани домати кои се цели, изгмечете ги или избленирајте ги со блендер.
- Во помал сад на оган ставете го маслиновото масло за да се загрее. Во загреаното масло додајте ги кромидот, ориганото, босилекот и лутата пипер. Динстувајте околу 2-3 минути, а потоа додајте го лукот и продолжете со динстување уште неколку минути.
- На крај, додајте ги доматите и зачинете со сол, црн пипер и шеќер. Добро промешајте и оставете го сосот да се вари околу ½ час.
- Доколку сакате сосот да биде погуст, оставете го да вари уште дополнителни 15 минути. А ако ви се допаѓа густината, тргнете го од оган и соберете го во чиста тегла.
- Оставете го доматниот сос за пица да се излади на собна температура, а потоа теглата складирајте ја во фрижидер.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен доматен сос за тестенини и њоки.