За љубителите на печива, споделуваме одличен рецепт за домашен бурек со месо! Што има повкусно од топол домашен бурек и чаша јогурт за појадок?
Нема потреба од месење, затоа што бурекот се прави со готови кори и највкусното домашно месо од Агриа. Сега секој може да биде мајстор за бурек со овој рецепт! Ако не веруваш, следи ги насоките и испробај го рецептот.

Состојки:
- 500 грама кори за пита со средна дебелина
- 250 милилитри вода
- ½ чаша масло
- 1 мала лажичка сол.
За фил:
- 400 гр мелено месо од Агриа
- 1 главица ситно сечкан кромид
- 2 лажици масло
- 50 мл вода
- ½ мала лажичка црн пипер
- 1 мала лажичка мешан сув зачин.
Подготовка:
- Прво подгответе го филот. Во тава на оган ставете го маслото. Што се загрее додајте го ситно сечканиот кромид и пропржете го.
- Потоа додајте го меленото месо и зачинете со црн пипер и мешан зачин. Кратко пропржете го и додајте ја водата. Оставете да се пропржи додека месото ја смени бојата. Не пржете го многу, за да не стане суво при печењето.
- Во длабок сад измешајте ги водата, маслото и солта.
- Во намрсена тава со пречник од 24-26 сантиметри ставете 2 до 3 кори, а краевите оставете ги да висат надвор од плехот. Притоа секоја од корите попрскајте ја со смесата од вода и масло.
- Одвојте 2 кори кои подоцна ќе ги искористите за покривање на бурекот, а останатите кори поделете ги на 3 дела.
- Секоја од корите од првиот дел ставете ја во тавата за печење (малку изгужвајте ја) и пропрскајте ја со смесата од масло и вода.
- Смесата од масло и вода внимателно распоредете ја така да ви останат уште 2 лажици за да го попрскате бурекот од горната страна.
- Врз првиот дел кори, нанесете од половина филот со мелено месо. Врз месото ставете го вториот дел од корите, а притоа секоја од нив попрскајте ја со смесата од масло и вода.
- Штом завршивте со корите од вториот дел распоредете го преостанатиот фил со мелено месо, а потоа постапката со попрскување повторете ја со преостанатите кори.
- На крај, деловите од корите кои висеа надвор од тавата, ставете ги внатре. Двете кори кои ги одделивте на почетокот, попрскајте ги со смесата од масло и вода и ставете ги на горната страна, како капак. Со останата смеса од масло, попрскајте го бурекот.
- Бурекот ставете го во загреана рерна на 175 – 200 степени, да се пече за време од 40 до 60 минути додека добие убава златно-кафеава боја.
- Печениот домашен бурек со готови кори и месо оставете го кратко да се излади, а потоа превртете го на дрвена даска и исечете го на парчиња. На здравје!
Совети плус:
- Бурекот може да го направиш со мешано или јунешко мелено месо. Посети ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес, и набави месо по твој вкус. Секогаш свежо и со врвен квалитет!
- Ако по пржењето месото е суво, додај уште малку топла вода и остави го 5 минути за да ја упие течноста.
Може да освоиш подарок!
Дали знаеш дека Агриа и Тинекс ги наградуваат најлојаните потрошувачи? Погледни како може да учествуваш и да освоиш една од вредните награди. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Може да те интересира: Цигара бурек со месо и сирење.
*Рецептот е овозможен од Агриа.