Мирисот на топло печениот леб е еден од најомилените во кујната! А кога лебот е направен со интегрално брашно и со четири семиња – лен, сусам, тиква и сончоглед, тогаш е вистинско уживање за очи и душа. Одвојте малку време и направете домашен интегрален леб.
Супер е за појадок, а одлично се вклопува со солени и слатки намази. Почестете го семејството и пријателите, без да се грижите дали ќе им се допадне или не. Вкусот е гарантиран од нас.

Состојки:
- 1 ½ чаша топла вода загреана на околу 40 степени
- 1 ½ мала лажичка шеќер
- 1 ½ лажичка сув квасец
- 2 лажици екстра девствено маслиново масло од Фила (може да го купите тука)
- 2 чаши и 3 лажици брашно
- 2 чаши интегрално брашно
- 5 лажици микс од четири семиња – лен, сусам, тиква, сончоглед од Фила (можи да го купите тука)
- 1 ½ мала лажичка сол.
За глазура:
- 1 белка од јајце
- 1 лажица вода
- микс од четирите семиња – лен, сусам, тиква и сончоглед.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење ставете ги шеќерот и топлата вода. Додајте го квасецот и измешајте со дрвена лажица. Оставете го квасецот да нарасне за време од 5 до 10 минути.
- Во садот со квасецот додајте го маслиновото масло, 2 чаши брашно, 1 ½ од интегралното брашно, миксот од четирите семиња, солта и мешајте додека тестото започне да се формира.
- Постепено додавајте го преостанатото интегрално брашно, а по потреба додајте го и белото брашно. Врз набрашнета работна маса ставете го тестото и месете го за време од 10 до 15 минути. Тестото може да е лепливо, но немојте да додавате брашно.
- Садот за месење премачкајте го со масло и оставете го тестото да нарасне двојно за време од 60 до 90 минути. Потоа, тестото со нежно месење обликувајте го во форма на леб и ставете го во намрсен калап или тава за печење. Повторно оставете го да нарасне за време од 30 до 45 минути.
- Рерната загрејте ја на 220 степени.
- Белката од јајцето и водата изматете ги заедно со виљушка. Со помош на готварска четка премачкајте го лебот пред да го печете. Поросете го со миксот од четирите семиња по површината.
- Лебот печете го во рерната за време од 20 минути, а потоа покријте го со фолија (по потреба). Намалете ја температурата на 200 степени и продолжете со печење уште 10 минути, а по потреба продолжете со печењето.
- По печењето лебот со четирите семиња оставете го да се излади, а потоа исечете парчиња. Чувајте го херметички затворена ќеса на собна температура. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Крцкав интегрален леб со маслинки без месење.