Популарните залчиња „скоцкани“ во вид на клуб сендвич, кои обично може да се нарачаат во поголем број на мезе барови, сега може да ги направиме и дома. Сервирањето е многу занимливо и предизвикува интерес кај секој. Ова е дегустативно искуство кое треба да го доживееме сите!
Од обични лепчиња и намази за сендвичи, може да се направат омилени оброци. Едноставно и брзо е, а откако ќе ги направите преостанува само да го изберете омилениот филм и удобно да се сместите!

Наведените состојки се по лице, а зависно од тоа за колку лица сакате да направите клуб сендвичи, соодветно зголемувајте ја. Рецептот ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана и несомнено е вкусен!
Состојки:
- 3-4 тенки кришки леб со правоаголна форма
- шунка по вкус
- кашкавал по потреба
- домат исечен на кругови
- краставица исечена на кругови
- листови зелена салата
- малку путер или мајонез.
Подготовка:
- Лебот испечете го на тостер, па премачкајте го со малку путер или мајонез.
- На секое тостирано парче леб, ставете по еден круг шунка и кашкавал, а одозгора распоредете кругови домат, краставици и листови зелена салата.
- Така припремените парчиња наредете ги едно врз друго и на секој агол став ете по една подолга дрвена чепкалка/стапче. Сендвичите исечете ги по дијагоналите, така што ќе добиете 4 триаголници и секој од нив ќе биде прицврстен со стапче.
- Клуб сендвичите обично се служат со прилог од пржени компирчиња и малку кечап, но не пречи ако изберете и друга комбинација. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен клуб сендвич.