Обожавате ли клуб сендвич? Ако вашиот одговор е да, сега може дома да си направите највкусен клуб сендвич на едноставен и брз начин.
Клуб сендвичот се прави со парчиња печен леб, слаби ленти од пилешко месо, пржена сланина, марулка, домат и мајонез. Готовиот клуб сендвич се пресекува на четвртини или половини, кои се прицврстени со чепкалки. Потекнува од доцните години на 19-от век, а е популарен ширум светот, каде што најчесто се служи со „Coleslaw“ салата или салата од компири, гарнирано со кисели краставички. Исто така, може да се сретне и клуб сендвич со помфрит или чипс од компири.

Состојки:
- 3 парчиња леб
- 3 ленти чадена сланина
- мајонез
- шункова и мисиркина салама
- чедар сирење
- марулка
- домат
Подготовка:
- Парчињата леб, испечете ги во тостер или на шпоретот.
- Сланината ставете ја во тава на оган да се пржи. Пржената сланина ставете ја врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
- Доматот исечете го на тенки кругови.
- Првото парче леб премачкајте го со мајонез и врз него ставете шункова и мисиркина салама. Врз саламата ставете парче чедар сирење.
- Второто парче леб премачкајте го со мајонез од двете страни и ставете го врз чедар сирењето. Над парчето леб ставете ја сланината, марулка и парчињата домат.
- Третото парче леб премачкајте го со мајонез и ставете го врз доматот. Притиснете го сендвичот и ставете 4 чепкалки по краевите за да може полесно да го исечете. Со нож, пресечете го сендвичот на 4 делови.
- Послужете го сендвичот со топол помфрит. Уживајте!
Ви предлагаме да прочитате: Како да направите крцкав помфрит дома?