domasen leb na italijanski nacin 1

Домашен леб на италијански начин

Што има поубаво од мирисот на пресно печен леб?! – Со векови се негува традицијата на подготовка во разните нации, а во оваа прилика, благодарение на Невена имаме испробан рецепт за домашен леб на италијански начин!

Секое парче пружа неизмерно уживање на трпезата. Радост кај ближните. И не само тоа, освен што вкусно ќе ги нахраните, ќе биде како да сте ги одвеле на мало патување со сетилата. Направете го и на здравје пријатели.

domasen leb na italijanski nacin 2

Состојки:

  • 500 г брашно
  • 125 мл топла вода
  • 125 мл топло млеко
  • 20 г квасец
  • 3 лажици масло
  • 3 полни лажици песто сос
  • 2 лажици пармезан
  • 1 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче сол.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги сите состојки. Добро измешајте ги и замесете нелепливо тесто.
  2. Тестото покријте го со најлонска фолија и оставете го на топло додека нарасне скоро двојно од својот волумен.
  3. Потоа размесете го и ставете го во намрсен правоаголен калап и повторно оставете го да нарасне за време од околу 40 минути.
  4. Печете во претходно загреана рерна на 180-200 степени, околу 45 минути.
  5. Послужете го топло со крем или јако сирење и домати. Навистина е одличен!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен леб со фета сирење.

Сподели: