Домашен џем од боровинки 1

Домашен џем од боровинки

Некои го нарекуваме слатко, некои мармалад, а некои џем, како и да е, има одличен вкус кој е најдобар кога е домашно. На ваше барање, домашен џем од боровинки!

Рецептот е составен за мала доза, а по желба може да ја зголемувате. Ако сакате да имате за подолго време, препорачуваме барем двојна доза на состојките. Издвојте малку време, а потоа долго уживајте во вкусот.

Домашен џем од боровинки 2

Состојки:

  • 1,7 кг боровинки
  • 800 гр шеќер
  • 1 лимон (и сокот и кората)
  • 2 лажички цимет
  • ½ лажичка морско оревче
  • 170 мл течен пектин (во замена може да се користи џем фикс, припремен според упатството).

Подготовка:

  1. Боровинките и шеќерот ставете ги во сад на оган.
  2. Кога боровинките ќе почнат да вријат, во садот додадете ги сокот и кората од лимон, циметот и морското оревче.
  3. Оставете џемот да врие 15 до 20 минути, а повремено мешајте го за да не загори.
  4. При крајот додадете го пектинот и варете уште 5 минути.
  5. Садот тргнете во од оган, а џемот ставете го во чисти и стерилизирани загреани тегли, оставајќи 1 см од почетокот или горниот дел на теглата. Полните тегли затворете ги со капак.
  6. Во голем сад на оган ставете решетка. Врз неа ставете ги теглите и налејте вода во садот, за да ги прекрие затворените тегли.
  7. Кога водата ќе зоврие, варете 10 минути, па тргнете го садот од оган, извадете ги теглите и оставете ги да се ладат околу 24 часа. Доколку капаците се вовлечени надолу кон теглите, тогаш теглите се добро затворени и вакумирани. Чувајте ги на темно и ладно место до 1 година. Во случај да не сакате да ги варите теглите, џемот чувајте го во фрижидер и секако јадете го што поскоро.

На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Џем од капинки и чоколадо.

Сподели: