Ако решите да се разладите во природа и да соберете капинки, верувајте дека ќе ви се исплати трудот. Ако соберете повеќе и не можете да ги изедете свежи, направите си многу вкусен џем од капинки во кој за уникатен вкус ќе додадете и малку чоколадо, а вашите сакани дегустатори ќе бидат навистина среќни!
Капинките се многу здраво овошје кое го имаме во краток период од годината, а изобилува со здравствена корист за нашиот организам. Нискокалорични се и одлични антиоксиданси, па се погодни за одржување на витка линија и превенција од рак. Придобивките од капинките се бројни, а оние кои ви ги издвоивме може да ги прочитате тука.
Состојки:
- 1 кг капинки
- 500 гр шеќер
- 100 гр чоколадо
- цеден сок од 1/2 лимон.
Подготовка:
- Измиените и исчистени капинки ставете ги во тенџере на оган. Кога ќе се затоплат, капинките ќе пуштат сок, а потоа испасирајте ги колку што можите повеќе.
- Варете повремено мешајќи додека ја добиете посакуваната густина. Потоа, додадете го шеќерот и повторно варете до посакуваната густина.
- На крај, додадете го чоколадото искршено на коцки и сокот од лимонот, промешајте за убаво да се растопи и тргнете го тенџерето од оган.
- Врелиот џем од капинки ставете го во стерилизирани теглички, а потоа затворете ги и превртете ги со капакот на долу, за време од 5 минути, за да се вакумираат.
Вкусот е неверојатен и не треба да пропуштате да го пробате и вие!
Рецептот го испратил: Клара Бос.