Постојат голем број причини заради кои треба да изберете да сервирате капинки на вашата трпеза, или можеби уште подобро да се мотивирате да направите прошетка во природа и директно да ги уживате нивните благодети.

Прочитајте за голем број на корисни ефекти и позитивни состојки за здравјето, а исто така за одредени препораки и предупредувања од консумација на капинки:
- Капинките се многу богати со биофлавоноиди и витамин Ц.
- Во една чаша капинки има само 62 калории.
- Доколку изедете една чаша капинки ќе обезбедите 32% од дневните потреби на организмот за растителни влакна.
- Создаваат одбивност кон тутунот и на тој начин помагаат во одвикнување против цигарите.
- Темната боја со која се одликуваат ги сместува во овошјата со најизразени антиоксидативни својства.
- Овозможуваат затегнување на кожата на здрав и природен начин, а тоа го чува младешкиот и свеж изглед.
- Подолготрајна консумација на капинки ја подобрува меморијата и функцијата на мозокот.
- Содржат исклучително висока содржина на танин, кој помага против цревни воспаленија, против хемороиди и дијареа.
- Штитат од запек, срцеви заболувања и канцер.
- Капинките помагаат за побрзо оздравување и обновување на ткивата после повреди и воспаленија.
- Имаат ниска количина на натриум, што е добра карактеристика особено за сите кои патат од кардиоваскулари заболувања.
- Чајот од лисјата од капинката се користи за здрави непца и помага при воспаленија на грлото.
- Супер дозата на витамин К која ја содржат овозможува опуштање на мускулите, а посебна корист се забележува кај трудниците.
- Многу се корисни за ублажување на менструални тегоби и за здравјето на крвта.
- Ако забележите капинките да почнат да се обојуваат кон портокалева нијанса, веднаш фрлете ги бидејќи тие се зафатени од сериозно габично заболување.