Рибизлата е најлековита кога се јаде свежа, а исто така е одлична и за да направите домашен џем од рибизли. Претставува мало вкусно овошје, од кое може да се прават одредени специјалитети како што е овој џем.
Интересно е што народната медицина го препорачува џемот од рибизли како добар антисептик, лек кој ублажува болки при опекотини и спречува раст на пликови.

Состојки:
Подготовка:
- Џемот од рибизли се припрема на едноставен начин. Рибизлите ставете ги да се варат околу 8-10 минути во малку вода, а доволна количина е да бидат покриени со течност.
- Процедете ја течноста и рибизлите тргнете ги настрана.
- Истовремено во друг сад на оган, ставете го шеќерот да се вари околу 10 минути во 600 мл вода, така што постојано треба да се отстранува пената која се појавува.
- Кога овој процес ќе се заврши, се мешаат рибизлите и шеќерот, па се варат на тивок оган најмалку половина час.
Ви препорачуваме да прочитате: Џем од малини на француски начин.