Имајќи предвид дека на денешно време е тренд разни намази и паштети да се припремааат дома, имаме интересен предлог за вас. За време на пости кога изборот на намирници е ограничен, секој рецепт за посен намаз или паштета е добредојден. Така, дојдовме до идеја да ја споделиме со вас нашата посна паштета од туна која се приготвува многу лесно!
Сите знаеме дека може да се најдат готови паштети од туна, но често во својот состав содржат различни адитиви, засилувачи на вкус и конзерванси. Сметаме дека секогаш е супер идеја да се подготви нешто домашно и вкусно, па еве што ви е потребно и како може да го направите овој вкусен специјалитет дома.

Состојки:
- 1 конзерва (180 г) со туна
- 50 г маргарин
- ½ мала главица кромид
- 4 лажици Брилијант омега 3 масло
- мелен црн бибер од Витаминка по вкус
- морска сол – крупна од Витаминка по вкус.
Подготовка:
- Внимателно отворете ја конзервата, така што нема целосно да го отстраните капакот, за полесно да ја исцедите од вишокот на масло.
- Исцедената туна ставете ја во сечко или блендер.
- Потоа, во садот додајте ги крупно сечканиот кромид, маргаринот и Брилијант омега 3 маслото.
- Зачинете со мелен црн бибер и морска сол – крупна по вкус, а потоа добро изблендирајте додека се соединат состојките и добиете паштета со мазна и хомогена структура.
- Готовата посна паштета од туна складирајте ја во чиста тегла и чувајте ја во фрижидер. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Пикантен намаз од маслинки и сончоглед.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.